Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

Купувањето дом е важна финансиска одлука, која бара внимателно планирање. Покрај замислата за идниот простор, важно е да се разгледаат и можностите за негово финансирање, во согласност со личниот буџет и долгорочните планови. Подеднакво важно е да се избере и вистинскиот финансиски партнер кој се грижи за вашиот буџет и за трошоците што ги носат купувањето и опремувањето на домот.

 

За полесно да ги остварите плановите за сопствен дом, НЛБ Банка нуди промотивни станбени кредити со атрактивна каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот. Станбените кредити вклучуваат животно осигурување или осигурување од незгода, што ви помага поспокојно да ја планирате иднината, со дополнителна заштита од непредвидени настани.

 

И тогаш кога ќе го пронајдете идеалниот простор, доаѓа желбата и потребата од негово уредување. Затоа, во рамките на промоцијата, НЛБ Банка покрај станбениот кредит нуди и бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун. Така, со поддршката за купувањето и за опремувањето на едно место, вашиот стан побрзо станува дом подготвен за нови спомени.

 

Повеќе информации за понудата на линкот: НЛБ Банка, преку Контакт центарот на Банката (02/15-600) или во најблиската експозитура.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе
30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе