Камен-темелник на одржливоста во НЛБ Групацијата се трите столба: одржливо работење, одржливо финансирање и придонес во општеството. Тие ги адресираат прашањата поврзани со животната средина, заедницата и управувањето. Во рамките на овие столбови, се дефинираат и спроведуваат стратешки принципи, клучни цели, иницијативи и акциски планови насочени кон иднината.
Како членка на Групацијата, ние во НЛБ Банка сме свесни за влијанијата, ризиците и можностите на нашите операции поврзани со природата.
Нашите одржливи операции се фокусираат на намалување на влијанието врз животната средина преку оптимизирање на користењето на ресурсите, намалување на емисиите на јаглерод и прифаќање на дигиталните решенија.
Со интегрирање на овие столбови во сè што правиме, се стремиме да создадеме долгорочна вредност за нашите клиенти, заедницата и целата планета - денес и за генерациите кои доаѓаат.
Еден од важните чекори на нашиот пат кон одржлив развој е потпишувањето на принципите на одговорно банкарство. Во исто време, тие ни помагаат да ги усогласиме нашите цели со Целите за одржлив развој на Обединетите нации и Парискиот договор за климатските промени.
Сите Ваши прашања поврзани со одржливоста можете да ги адресирате на: sustainability@nlb.mk.