Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Акционерски капитал

НЛБ Банка е акционерско друштво, чиишто акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, на подсегментот Задолжителна котација.

 

Акциите се запишани во акционерската книга на Банката која се води во Централниот депозитар на хартии од вредност АД Скопје.

 

Банката има издадено 14 емисии на акции или 854.061 обични акции. Номиналната вредност на акциите изнесува 1.000,00 МКД по акција. Секоја акција носи право на еден глас на Собранието на акционери. 

Акционери со над 5% учество во капиталот на Банката

NLB d.d. Ljubljana со 742.804 акции и учество од 86,97%

Единствен акционер со учество над 5% во вкупниот број на издадени акции на НЛБ Банка АД е Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана, со 86,97% учество (742.804 акции) во вкупниот број на акции на Банката. НЛБ д.д. како акционер со најголемо учество управува со Банката преку своите претставници во Надзорниот одбор.

Дивиденда

Акциите издадени од НЛБ Банка АД Скопје носат право на дивиденда. Одлуката за исплата на дивиденда и дивидендниот календар ги донесува Собранието на акционери, секоја деловна година. 

 

Информација за датумот на исплата на дивиденда, Банката објавува во еден дневен весник што излегува на територијата на Република Македонија и на интернет страната на Банката. 

 

Исплатата на дивиденда, за акционерите правни и физички лица коишто се комитенти на Банката, се врши на нивните постојни трансакциски сметки во НЛБ Банка АД Скопје.

 

Исплатата на дивиденда, за акционерите правни и физички лица коишто не се комитенти на Банката, се врши според претходно доставени инструкции до Банката од страна на акционерот. 

 

Образецот за Инструкции на акционер за исплата на дивиденда во друга банка може да го преземете од следниот линк:

docx
17 KB
Барање за исплата на дивиденда

и истиот пополнет да го доставите во која било експозитура на Банката.

 

За дополнителни инфомации во врска со акциите и исплатата на дивиденда, Ве молиме да не контактирате на следната електронска адреса: Investor_Relations@nlb.mk.