Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информации за акционерите

Почитувани Акционери,

 

Ве известуваме дека Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, на 149-тата седница одржана на 24 јули 2025 година,  донесе одлуки за реименување на постоечки член на Управниот одбор и именување на нови членови на Управниот одбор. 

Имено, Надзорниот одбор ја реименуваше г-ѓа Катерина Јанковиќ за член на Управниот одбор на Банката, со нов 4-годишен (четиригодишен) мандат.

На истата седница Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје усвои предлог-одлука за зголемување на бројот на членови на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје од 4 (четири) на 5 (пет) члена и именуваше нови членови на Управниот одбор и тоа:

  • г. Бојан Стојаноски - член на Управниот одбор со мандат од 4 (четири) години, започнувајќи од 01.01.2026 година
  • г. Драгиша Тадиќ - член на Управниот одбор, со мандат од 4 (четири) години, започнувајќи од 04.01.2026 година
  • г. Кирил Бухов - член на Управниот одбор, со мандат од 4 (четири) години, започнувајќи од 03.01.2026 година

 

Именуваните лица ќе ја преземат официјално функцијата членови на Управниот одбор, по добивање согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за именување членови на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Согласно со горенаведените именувања, ве известуваме дека досегашните членови на Управниот одбор на Банката, г. Петер Зелен и г. Игор Давчевски, ќе продолжат да ги извршуваат своите функции до истекот на нивниот мандат согласно со издадените Решенија за претходна согласност за именување член на Управниот одбор, издадени од Народната банка на Република Северна Македонија.

 

Корпоративно управување

Со ефикасно работење и традиција обликуваме ново поглавје во банкарската култура, кое претставува темел на работењето на вработените во НЛБ Банка при работата со клиентите, акционерите, финансиските аналитичари и останатата јавност.

 

Банката воспоставува транспарентен и разбирлив систем на управување кој го зголемува нивото на доверба како на домашните, така на странските инвеститори и на вработените.

 

Корпоративното управување во Банката претставува збир од заемни односи меѓу Управниот одбор, Надзорниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката, акционерите на Банката и останатите заинтересирани субјекти.

 

Корпоративното управување се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата.

 

Почитуваме вредносни правила на однесување во односот со клиентите, при што искрениот однос и јасната комуниција се нашите темелни вредности.

pdf
2 MB
Деловник за работа на Собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје