Ние веруваме дека успехот започнува со вистинските луѓе. Нашиот тим е двигател на иновациите, довербата и кавлитетот што секојдневно им го нудиме на нашите клиенти.
Ги охрабруваме нашите луѓе да учат, да напредуваат и да растат заедно со Банката – лично и како дел од тим што создава позитивни промени.
Доколку сте амбициозни, посветени и подготвени за професионален развој, ние сме вистинската можност за сè што сте и вашето место е тука.
Практична работа во НЛБ Банка
Ако сте студент подготвен да го осознае светот на банкарството, програмата за пракса во НЛБ Банка е првиот чекор кон иднината што ја посакувате.
Ние го поддржуваме развојот на идните кадри и нудиме можности за практична работа на млади и амбициозни луѓе на студии од областа на економијата и информациските технологии, но отворени сме и за сите оние кои имаат интерес за финансискиот сектор и сакаат да учат.
Врз основа на остварената пракса, практикантите добиваат препорака за реализација на пракса со евалуација на нивниот ангажман и можности за вработување во Банката.
Што нудиме?
Станете дел од нашата приказна, бидете дел од нашиот тим!
Ако барате средина што нуди поддршка, развој, лични и професионални предизвици – тука започнува вашата приказна. Погледнете ги моментално отворените позиции и не двоумете се да аплицирате.
Претставете ни се
Доколку меѓу активните огласи не ја најдовте посакувата работна позиција, можете да го доставите Вашето CV и да влезете во базата на потенцијални кандидати за вработување. Доколку имаме потреба од профил како Вашиот, ќе Ве контактираме за следни чекори во процесот.
Интересни факти за НЛБ Банка