Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година.

За време на техничките прилагодувања, одредени услуги, за физичките и правните лица, ќе бидат привремено недостапни.

 

Од сабота, 07.11.2026г. од 10:00 часот:

  • Дигиталните канали (интернет и мобилно банкарство) ќе имаат ограничена достапност
  • Функционалноста за уплата на готовина на банкомати нема да биде достапна
  • Функционалноста за уплата на дневен промет на CDS уредите за правни лица нема да биде достапна

Во периодот на техничките прилагодувања нема да работи ниту една експозитура на Банката. Дополнително, експозитурите во Прилеп и Битола за кои претходно беше најавено продолжено работно време и работа во сабота, ќе работат само денес петок (6 ноември) со редовното работно време, до 16:00 часот.

 

Во овој период ќе можете непречено да ги користите следните услуги:

  • Подигнување готовина на банкомати
  • Плаќање со платежни картички на ПОС-терминали и онлајн

Услугите ќе продолжат со редовно функционирање во утринските часови во понеделник, 9 ноември 2026 година. Предвидената временска рамка може да биде прилагодена во зависност од текот на завршните технички проверки, со цел да се обезбеди стабилно и непречено функционирање на услугите.

 

Ве молиме навремено да ги планирате вашите плаќања, имајќи ги предвид најавените привремени ограничувања.

 

Ви благодариме за разбирањето и трпението за време на планираните системски прилагодувања.

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе
26.10.2026

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка - Раст на добивката, кредитите и депозитите

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година. Банката оствари добивка од 2.91 милијарда денари, односно 2.53 милијарди денари добивка по оданочув...

Прочитај повеќе