Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова димензија во премиум банкарството- бидејќи вистинскиот луксуз е токму во искуството, во времето за себе, удобноста и привилегиите што му даваат посебен белег на секое патување.

Visa Platinum и Visa Signature не се само начин на плаќање, туку искуство создадено да одговори на вашите највисоки очекувања. Двете картички нудат различен обем на привилегии кои опфаќаат аеродромски погодности, осигурување и заштита при купување, мобилен интернет во странство, како и меѓународни понуди и корисничка поддршка, овозможувајќи им на клиентите да изберат премиум искуство според својот животен стил.

 

Visa Platinum и Visa Signature се достапни самостојно, но и како дел од премиум пакетите на НЛБ Банка, како дополнителна можност за надградено искуство на личното банкарство.

 

Visa Platinum

Премиум удобност за секојдневието и патувањата

 

Visa Platinum е избор за клиентите кои сакаат практични премиум погодности во секојдневието и на пат: четири бесплатни посети годишно во над 1.200 аеродромски салони, два меѓународни Fast Track пристапи и 10 Fast Track пристапи на аеродромот во Скопје. Овој спој на удобност и практична вредност го надополнуваат 3 GB мобилен интернет во странство годишно, осигурителна заштита при купување, доцнење на лет и багаж, избрани меѓународни партнерски понуди и глобална корисничка поддршка.

 

Visa Signature

Највисокото ниво на привилегии

 

Visa Signature оди чекор понатаму, со поширок опсег на привилегии и поголем комфор за клиентите кои често патуваат. Со 12 бесплатни посети годишно во над 1.200 аеродромски салони и 10 меѓународни Fast Track пристапи, таа нуди значително повеќе можности за поопуштени патувања. Неограничениот Fast Track на аеродромот во Скопје за имателот и тројца гости, 6 GB мобилен интернет во странство, избраните меѓународни понуди за хотели, изнајмување возила и патувања и глобалната поддршка 24/7 го заокружуваат ова повисоко премиум ниво.

Клучна предност на Visa Signature е и пошироката осигурителна заштита: патничко-здравствено осигурување со покритие до 750.000 USD за медицински трошоци и одредени непредвидени ситуации со патувањето, летот и багажот. Дополнителната заштита на купените производи при кражба или случајно оштетување во рок од 365 дена ја надополнува вредноста на картичката и надвор од патувањата.

 

Вашиот пристап до светот на привилегиите

 

Привилегиите се достапни преку наменски дигитални канали на Visa, кои овозможуваат едноставен пристап до аеродромските погодности, роаминг понудите и информациите за осигурителните бенефити. Се користат според важечките услови, лимити, исклучоци и достапност, а одредени понуди се временски ограничени.

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

26.10.2026

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка - Раст на добивката, кредитите и депозитите

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година. Банката оствари добивка од 2.91 милијарда денари, односно 2.53 милијарди денари добивка по оданочув...

Прочитај повеќе
21.10.2026

НЛБ Банка отвори нова експозитура во историскиот објект на Солунската банка во Битола

НЛБ Банка отвори нова експозитура во центарот на Битола, како дел од континуираната трансформација на својата деловна мрежа. Сместена во заштитениот историски објект на Солунската банка од 19-иот век покрај плоштадот Магнолија, новата експозитура е н...

Прочитај повеќе
01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе