Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство

 

НЛБ Банка ги усогласува своите платежни процеси со регулаторните измени што произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и релевантните одлуки на Народната банка на Република Северна Македонија. Измените се однесуваат на денарските платежни трансакции и платежните сметки и ќе започнат со примена од 09.11.2026 година.

 

Во рамките на ова усогласување, од 30.10.2026 година (петок), за сите клиенти, физички и правни лица, привремено нема да биде достапна можноста за креирање платни налози со иден датум на извршување преку електронско и мобилно банкарство.

 

Во овој период, платни налози со иден датум на извршување ќе може да се поднесуваат само на шалтерите на НЛБ Банка, и тоа единствено за извршување следниот ден.

 

За повторната достапност на можноста за креирање платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство, ќе следи дополнително известување.

 

Детални информации за регулаторните промени во платежните услуги се достапни на следниве линкови: физички лица и за правни лица

 

Ви благодариме за трпението и довербата.

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе
26.10.2026

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка - Раст на добивката, кредитите и депозитите

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година. Банката оствари добивка од 2.91 милијарда денари, односно 2.53 милијарди денари добивка по оданочув...

Прочитај повеќе
21.10.2026

НЛБ Банка отвори нова експозитура во историскиот објект на Солунската банка во Битола

НЛБ Банка отвори нова експозитура во центарот на Битола, како дел од континуираната трансформација на својата деловна мрежа. Сместена во заштитениот историски објект на Солунската банка од 19-иот век покрај плоштадот Магнолија, новата експозитура е н...

Прочитај повеќе