Грижата за клиентите и почитувањето на нивната приватност, претставува врвен приоритет за НЛБ БАНКА АД Скопје ( во понатамошниот текст: НЛБ). Ние во НЛБ, личните податоци ги обработуваме во целост согласно Законот за заштита на личните податоци и другите законски и подзаконски прописи кои ги применуваме во своето работење. Нашиот однос кон заштитата на личните податоци и општо кон почитувањето на приватноста, секогаш се заснова на законито, правично, транспарентно, фер и отчетно работење. Заштитата на личните податоци и нивната обработка само на начин на кој нашите клиенти очекуваат, а сето тоа согласно закон, е наш врвен приоритет.
Во таа насока, оваа Политика за приватност објаснува кои се информациите кои за Вас ги собираме, за обработката на личните податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата веб-страница или кога користите некоја од нашите услуги и кои се Вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци.
Во своето работење, ние едновремено ги почитуваме и применуваме сите начела поврзани со обработката на лични податоци, а со цел да обезбедиме дека Вашите лични податоци се обработуваат согласно прописите за заштита на личните податоци, односно дека тие се:
НЛБ како отчетен контролор на личните податоци, секогаш ќе ја демонстрира усогласеноста и применувањето на начелата поврзани со обработката на личните податоци.
Ги собираме и обработуваме податоците поврзани со следниве категории на субјекти на лични податоци:
Посетители на нашата веб-страница www.nlb.mk и користење на апликации на Банката
Како посетител на нашата веб-страница, за Вас вообичаено собираме податоци за Вашата навигација кои се користат за анализа на посетите и за одржување на информациската безбедност. На нашата веб-страница ќе го сретнете и поимот колачиња (анг.cookies). Интернет колачињата претставуваат мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на уредот од кој сте пристапиле, а со цел препознавање на истиот и подобрување на Вашето корисничко искуство. Посетителот, односно корисникот на веб-страницата може да ги сочува, ограничи или оневозможи овие колачиња. Колачињата ги регистрираат интересите на физичкото лице, неговите преференци и искуства и ја подобруваат ефикасноста на пребарувањето на информации, но притоа без можност да се идентификува конкретниот корисник. Повеќе за употребата на интернет колачињата (cookies) можете да прочитате во нашата Политика за колачиња на следниот линк.
При посетата на нашата веб-страница, како и користење на нашите апликации можете доброволно да одлучите дали, кога и на кој начин сакате да стапите во контакт со нас (е-пошта, апликации, онлајн формулар). Исто така, Вие сами одлучувате дали и кои интерактивни алатки ќе ги користите (на пр. информативни пресметки).
НЛБ ги користи податоците поврзани со посетата на нашата веб-страница и користењето на нашите апликации за следните цели:
Физички лица – корисници на нашите услуги и производи (клиенти)
НЛБ обработува лични податоци потребни за целите на воспоставување на деловен однос, за постапување по барања на нашите клиенти, апликации, поплаки, активности во однос на наплата и пренос на побарувања, како и за целите на исполнување на законските обврски, кога обработката е задолжителна или неопходна заради исполнување на овие цели. Без податоци за идентификација, НЛБ не е во можност да ги обезбеди соодветните услуги и производи и да воспостави деловен однос со клиент согласно закон.
Примарен извор на лични податоци се податоците кои субјектите ги доставуваат при пополнување на Апликацијата за регистрација на клиент, а при воспоставување на деловен однос согласно закон.
Физичките лица кои аплицираат, односно поднесуваат барање за одредена услуга или производ на НЛБ како што се, на пример, отворање на депозити, одобрување на кредити, давање на платежни услуги, картички, платен промет, во своите барања доставуваат информации кои содржат податоци за идентитетот на подносителот и лични податоци на други лица вклучени во барањата кои се потребни за нивно процесирање, односно обработка, согласно закон.
НЛБ овие податоци ги користи единствено за цели на банкарското работење, а секогаш во корелација со прописите за заштита на личните податоци и едновремено со применувањена сите начела за заштита на личните податоци кои се утврдени во Законот за заштита на личните податоци.
Податоци во однос на, и во врска со деловниот однос со клиентите, како што се:
Податоци за навигација
При посетата на нашата веб-страница за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
Логовите автоматски се бришат, освен доколку одредени услови бараат истите да бидат зачувани, како што е на пример со цел да се истражи одреден злонамерен код или напад (ang. malicious code).
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат независно од деловниот однос
Личните податоци кои ги прибираме со Вашата посета на нашата веб-страница, или кога ќе ни испратите електронска пошта (e-mail), или телефонски ќе не контактирате, се оние кои доброволно ќе одлучите да ни ги доставите, а за цели утврдени со закон, како би ни овозможиле да ја реализираме и исполниме услугата или производот кои Ви ги нудиме (на пример: име и презиме, адреса на живеење, контакт телефон, електронска пошта (e-mail), податоци за вашите социјални мрежи, доколку сте пристапиле до информациите на банката преку социјална мрежа (Facebook, LinkedIn), податоци за потенцијалните кандидати за вработување.
Податоци во врска со претставки, пофалби, пријави за казниво, неетичко или друго незаконито или недозволиво постапување
Лични податоци кои што ќе ги споделите со нас тогаш кога се обраќате кон нас со цел да не пофалите, да се пожалите или да пријавите дејствие кое според Вас е казниво, неетичко, незаконито или недезволиво, а во врска со Вашиот и/или идентитетот на тој на кого се однесува обраќањето (на пример: име и презиме, контакт податоци, содржина на барањето/дописот/пријавата која може да содржи и лични податоци за лицето за кое се однесува обраќањето, со докази и прилози и слично).
Како ги собираме Вашите личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали и начини на комуникација и тоа:
Кога ги собираме Вашите лични податоци
Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме кога:
Категории на корисници на лични податоци
Обработката на личните податоци во процесите на НЛБ поврзани со услугите и производите, вклучувајќи и оние податоци кои се достапни преку веб-страницата на НЛБ се извршуваат од страна на вработени лица во НЛБ кои се одговорни и овластени за вршење на овие услуги и производи.
Ние во НЛБ не споделуваме податоци за Вас или за Вашата посета на нашата веб-страница, на трети лица, освен во случај на:
Време (рок) на чување на собраните податоци
Податоците кои за Вас ги собираме, се чуваат и обработуваат во согласност со закон не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат. Притоа, рокот на чување на Вашите лични податоци се одредува согласно закон, а во зависност од тоа за која цел ги користиме и обработуваме. На пример, можеби ќе треба да ги обработиме за да може да се одговори на Ваше прашање за одреден производ или услуга и како резултат на тоа може да ги чуваме личните податоци сè додека ги користите нашите производи или услуги. Во моментот кога ќе престане потребата од Вашите податоци, ние веднаш ќе ги избришеме или пак ќе ги анонимизираме со отстранување на сите информации кои може да Ве идентификуваат. Доколку сме побарале и добиле Ваша согласност за обработка на Вашите лични податоци и потоа Вие ја повлечете Вашата согласност, а немаме друг законски основ да продолжиме со таа обработка, ние веднаш ќе ги избришеме Вашите лични податоци освен во случај кога со закон се утврдени подолги рокови за нивно чување и обработка.
Доколку обработката на личните податоци е потребна за исполнување на законска обврска, во таков случај рокот на чување е определен во конкретниот закон (на пример: клиентското досие на сите свои клиенти НЛБ има законска обрска да го чува десет години од престанокот на деловниот однос со клиентот или од датумот на извршувањето на повремената трансакција, согласно Законот за спречување перење на пари и финансирање тероризам).
Во секој случај, по исполнувањето на целта заради која податоците биле обработени, а доколку не постои друг правен основ или законска обврска за чување на личните податоци, тие се бришат, уништуваат или соодветно анонимизираат.
Списокот со рокови на чување на личните податоци е составен дел на документацијата за заштита на личните податоци на НЛБ, а Вие како субјект на личните податоци секогаш можете да го остварите своето право на пристап во однос на тоа дали за Вас се обработуваат лични податоци и да добиете информации меѓудругото и за рокот за кој се чуваат Вашите лични податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите кои согласно закон ги користиме за одредување на тој период.
Како ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои се собираат преку нашата веб-страница, апликациите и другите видови и начини на комуникација, ги обработуваме само кога имаме законска причина, цел и секако правен основ за тоа. Притоа, законитоста се утврдува врз основа на целите заради кои ги собираме Вашите лични податоци, а истата се обезбедува доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:
Безбедност на обработката на личните податоци
Ние во НЛБ настојуваме секогаш да применуваме најсовремени технолошки решенија и достигнувања, со примена на технички и организациски мерки кои обезбедуваат ниво на безбедност на обработката соодветно на ризикот, а со цел Вашите лични податоци да бидат заштитени од неовластена обработка или пак нивно губење, оштетување или уништување. Грижејќи се за Вашата приватност, ние во НЛБ применуваме и технички мерки за превенција од интернет измами. Имено, нашата веб-страница го користи доменот nlb.mk. Покрај ова, банката за потребите на електронското банкарство ги користи и домените nlbklik.com.mk и nlbproklik.com.mk. Препорачуваме, секогаш кога се најавувате или ја пребарувате нашата веб-страница, или линк кој Ве пренасочува кон нашите домени, пред да споделите Ваши податоци да проверите дали во пребарувачот стои еден од посочените домени на Банката.
Пренос на лични податоци
Дел од личните податоци што ги собираме за Вас може да бидат пренесени во земји членки на Европската Унија (ЕУ) или Европскиот економски простор (ЕЕП) за што НЛБ како отчетен контролор, ја известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а притоа продолжува да ги штити Вашите личните податоци со примена на соодветни заштитни мерки во согласност со прописите за заштита на личните податоци кои го уредуваат преносот на личните податоци.
Исто така, дел од личните податоци што ги собираме за Вас може да бидат пренесени во рамки на НЛБ групацијата, пришто, ние ги штитиме Вашите личните податоци што ги пренесуваме во согласност со оваа политика за приватност, интерната документација на НЛБ и Законот за заштита на личните податоци.
Во случај да се јави потреба за пренос на личните податоци во други земји кои не се членки на ЕУ и ЕЕП, ние обезбедуваме заштита на Вашите лични податоци преку доследно почитување и примена на соодветни заштитни мерки за заштита во однос на обработката во врска со преносот, а во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Кои се Вашите права?
Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие имате право:
За дополнителни информации или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци на:
e-mail: dpo@nlb.mk
Поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
Државен орган, кој е надлежен да врши надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија, како и заштита на темелните права и слободи на физичките лица во однос на обработката на личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци – www.azlp.mk.
Доколку сметате дека обработката која ја вршиме на Вашите лични податоци ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности согласно закон.
Историја на промени:
Последна верзија: 12.09.2024