Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Собрание на акционери

Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно со Одлуката на Надзорниот одбор од 26.03.2026 година за свикување на Собрание на акционери 

НЛБ Банка АД Скопје

ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје.

Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје ќе се одржи на ден 28.05.2026 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Водњанска“ бр. 1, Скопје, со следниот:

 

Дневен ред

pdf
116 KB
Избор на претседавач на Собранието
pdf
119 KB
Избор на записничар и бројач на гласови на Собранието
pdf
2 MB
Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2025 година
pdf
8 MB
Извештај на КПМГ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје, изготвени во согласност со НБРСМ
pdf
2 MB
Извештај на КПМГ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје, изготвени во согласност со ИФРС
pdf
260 KB
Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во 2025 година
pdf
681 KB
Годишен извештај за работењето на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во 2025 година
pdf
765 KB
Предлог – Одлука за усвојување на годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2025 година
pdf
133 KB
Предлог – Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2025 година
pdf
130 KB
Предлог – Одлука за определување на износот на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје
pdf
127 KB
Предлог – Одлука за назначување на Друштво за вршење на ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2026 година
pdf
732 KB
Предлог – Одлука за одобрување на Политика на наградување на НЛБ Банка АД Скопје
pdf
1 MB
Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје

Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер што има намера да учествува на Собранието на акционери на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-326 и 02/5100-906) или на електронската адреса: kabinetuprava@nlb.mk.

Во Деловникот за работа на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје е опишана постапката според која акционерите учествуваат и гласаат на седницата на Собранието и тој е достапен на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk.

 

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување писмено полномошно. Постапката за гласање преку полномошник, како и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Водњанска“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса kabinetuprava@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

 

Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Собранието да достави известување до Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошното, бројот на акции за кои се дадени полномошната, како и дали тие се со или без инструкции за гласање.

Полномошникот го поднесува известувањето до Комисијата во писмена форма исклучиво на пропишан образец утврден во Правилникот за критериуми за утврдување на заедничко дејствување согласно со Законот за преземање на акционерските друштва.

 

Собранието на акционери ќе одлучува само по прашања што се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

 

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас можат, односно имаат право да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување на нови точки и да предложат за усвојување одлуки кон секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на Собранието на акционери. Кон барањето за вклучување нови точки на дневниот ред акционерите истовремено треба да приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.

 

Последен рок до кој може да се предлагаат нови точки на дневен ред, односно да се предлагаат одлуки и поставуваат прашања е 04.05.2026 година (понеделник).

Деталните инструкции за начинот на предлагање нови точки и одлуки на Собранието се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.nlb.mk.

 

На својата интернет-страница www.nlb.mk, не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Собранието, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации: содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување седница на Собранието на акционери; вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права што произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број акции од секој род и класа; документите и материјалите што ќе се разгледуваат на седницата на Собранието на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите (овој образец се однесува на давање полномошно од еден акционер на едно лице. Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, се користи образецот утврден во Правилникот за критериуми за утврдување заедничко дејствување согласно со Законот за преземање на акционерските друштва), Информација за начинот на предлагање точки на дневен ред, поставување на прашања и предлагање на одлуки од страна на акционерите.

Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно со Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување на Собранието на акционери, од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Водњанска“, бр. 1, 1000 Скопје, Р Северна Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Вкупниот број на акции изнесува 854.061. Сите акции се обични, и со право на глас. Со пресек датум 27.04.2026, 853.318 акции немаат ограничување на правото на глас.

pdf
98 KB
Овластување полномошници
pdf
128 KB
Полномошно физичко лице
pdf
135 KB
Полномошно правно лице
pdf
79 KB
Пријава физичко лице
pdf
54 KB
Пријава правно лице
pdf
91 KB
Прашања од акционерите
pdf
96 KB
Вклучување на точки и одлуки во дневниот ред
xlsx
92 KB
Прашалници по Кодекс за корпоративно управување

Во Скопје,

 

НЛБ Банка АД Скопје