Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информација за регулаторни промени во платежните услуги

Промени во начинот на означување на денарската платежна сметка, платните налози и шифрите за целта на плаќањето

Од 1 ноември 2026 година започнува примена на промените во платежните услуги поврзани со националните платежни трансакции и платежните сметки. 

 

Во насока на усогласување со меѓународниот стандард ISO 20022 се врши стандардизација на платните налози и податоците за плаќањата, се стандардизираат шифрите за целта на плаќањето, како и конструкцијата на денарската платежна сметка.

 

Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од релевантните одлуки на Народната банка на Република Северна Македонија. 

 

Нови денарски платни налози 

Нови, стандардизирани платни налози ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 и во хартиена и во електронска форма. Новите платни налози се со изменет изглед, распоред и содржина на полињата, односно:

  • Досегашните називи на платните налози ПП30, ПП50, ПП10 и ПП53 ќе бидат заменети со описно претставување на трансферот, односно со јасно означување во горниот десен агол од налогот, кон кого се врши плаќањето.
  • Новите платни налози ќе бидат во црно-бел формат за разлика од постојните налози во боја.
  • Хартиените налози ќе бидат специфицирани за секоја банка посебно преку поставување на логото на банката на самиот налог. Налозите на НЛБ Банка ќе го содржат логото на НЛБ Банка и ќе може да се подигнат единствено во експозитурите на Банката.
  • Хартиениот платен налог задолжително се заверува со датум и време на прием од страна  на Банката.

Визуелен приказ на промените во платните налози

pdf
621 KB
Нови платежни налози- практичен водич

Нов IBAN формат на платежна сметка

При започнување на примената на новата регулатива, денарската платежна сметка ќе се користи во ИБАН формат, односно бројот на вашата платежна сметка останува непроменет,  единствено се додава ознаката МК07 пред постојниот број на сметката. 

 

 Банката ќе го вгради ова дополнување во хартиените и во електронските платни налози. 

 

При плаќање со хартиени налози, ќе се користат новите обрасци достапни во НЛБ Банка.

 

Промени кај шифрите за целта на плаќањето

  • Досегашните нумерички ознаки ќе бидат заменети со нови четиризнаковни алфанумерички ознаки
pdf
130 KB
Листа- Споредбен преглед на стари и нови ознаки за целта на плаќањето
pdf
3 MB
Листа на шифри и цели на плаќањата согласно ИСО- стандардот ,,20022 XML''