Секојдневно банкарство
Сметки
Останати производи
Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка? Прочитај повеќе
Од 1 ноември 2026 година започнува примена на промените во платежните услуги поврзани со националните платежни трансакции и платежните сметки.
Во насока на усогласување со меѓународниот стандард ISO 20022 се врши стандардизација на платните налози и податоците за плаќањата, се стандардизираат шифрите за целта на плаќањето, како и конструкцијата на денарската платежна сметка.
Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од релевантните одлуки на Народната банка на Република Северна Македонија.
Нови, стандардизирани платни налози ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53 и во хартиена и во електронска форма. Новите платни налози се со изменет изглед, распоред и содржина на полињата, односно:
При започнување на примената на новата регулатива, денарската платежна сметка ќе се користи во ИБАН формат, односно бројот на вашата платежна сметка останува непроменет, единствено се додава ознаката МК07 пред постојниот број на сметката.
Банката ќе го вгради ова дополнување во хартиените и во електронските платни налози.
При плаќање со хартиени налози, ќе се користат новите обрасци достапни во НЛБ Банка.
Seznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.