Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар Маало доби ново место за поврзување, но и силна порака за заедничка одговорност „Чувај го твоето маало“. Отворањето го одбележаа музика, дружење и голем број млади од скопските факултети и средни училишта
NLB Next урбаните зони се проект на НЛБ Банка, реализиран во соработка со општините Центар и Чаир, со цел да се создадат современи и функционални простори што ги поврзуваат младите и го збогатуваат животот во маалото. Зоната е отворена и достапна за сите, како практично место за пауза меѓу предавања, средба со друштвото или краток одмор. Со модуларни клупи, масички, жардињери, осветлување и ново зеленило, просторот е претворен во пријатно урбано катче во кое секој може да се задржи, да се одмори и да ужива.
Посебен визуелен печат на зоната ѝ дава исцртаната подлога во паркчето, авторско дело на Драган Китановски – Драш, еден од најпрепознатливите и најдоследни автори на македонската улична сцена. Визуелното решение ја носи пораката „Чувај го твоето маало“ како постојан потсетник дека убавината и вредноста на заедничкиот простор зависат од грижата и одговорноста на секој од нас.
Зоната кај „Кино Карпош“ е првата од четирите планирани локации. Во наредниот период, во Општина Центар ќе бидат поставени уште две NLB Next зони: на булевар „Партизански Одреди“, кај Соборниот храм, и на Боемска улица, непосредно до Градежниот и Архитектонскиот факултет. Четвртата зона ќе биде отворена во Општина Чаир, спроти Балканскиот универзитет.
Урбаните зони ја преточуваат во реален простор идејата врз која е создаден NLB Next- младите да добијат поддршка, слобода и можности за полесен почеток на нивната самостојност. Затоа NLB Next не е само банкарски пакет, туку концепт што го следи нивниот начин на живот: динамичен,дигитален и поврзан.
NLB Next е целосно бесплатен пакет наменет за млади од 18 до 25 години, кој обединува услуги за едноставно секојдневно банкарство, дигитално управување со финансиите и поволности приспособени на нивните потреби и ритам. Со него, НЛБ Банка им овозможува на младите полесно и посигурно да ги направат своите први самостојни финансиски чекори, со решение што им е достапно таму каде што се и тогаш кога им е потребно.
Со четирите NLB Next урбани зони, оваа поддршка излегува надвор од рамките на банкарството и станува видлив дел од секојдневието на младите, во просторите каде што се среќаваат, споделуваат идеи, создаваат нови можности и го градат духот на своето маало.
Cоопштенија за јавноста
НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...
НЛБ Банка и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) воспоставуваат поблиска соработка официјализирана преку Меморандум, а со цел заеднички да придонесат кон поголема финансиска сигурност, информираност и едукација, и активен живо...