Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Отворена нова модерна експозитура на НЛБ Банка на локацијата „Универзална Сала“

Следејќи ги сoвремените трендови и потребите на клиентите, НЛБ Банка Скопје ја продолжува трансформацијата на својата деловна мрежа. Вчера попладне, беше отворена новата модерна експозитура на локацијата „Универзална Сала“, во непосредна близина на претходниот објект. Експозитурата која сега се наоѓа на Бул: „Партизански Одреди“ бр. 47 е простор со современ концепт и унапредена функционалност, креиран да одговори на денешните потреби на клиентите – побрзо, поедноставно и поудобно.

Во присуство на своите колеги и вработените во експозитурата, новиот објект официјално го отворија Претседателката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Хевдика Усеник и Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски заедно со Алеш Ипавец, Заменик Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Катерина Јанковиќ, Член на Управниот одбор на Банката.  

 

На отворањето, Претседателот Стојановски истакна: „Продолжуваме со модернизација на експозитурите како дел од „Стратегијата 2030“, подготвувајќи ги нашите експозитури за иднината. Додека секојдневното банкарство сè повеќе се одвива преку дигиталните канали, нашите експозитури се трансформираат во современи простори што овозможуваат персонализирана поддршка и стратешко советување, но и поудобни и подобри услови за работа. Преку интегриран пристап, нудиме сеопфатни финансиски решенија на едно место и поставуваме нови стандарди во банкарството.“  

 

 

Претставниците на Надзорниот одбор, Хевдика Усеник и Алеш Ипавец изразија задоволство од новиот простор, но и од темпото со кое се одвива трансформацијата на деловната мрежа на Банката, и упатија искрени честитки до тимовите вклучени во процесот.

 

За потсетување, НЛБ Банка ја заврши минатата година со осум обновени експозитури, како дел од проектот за целосна трансформација на деловната мрежа до 2030 година. Новиот концепт на експозитурите на Банката е во рамките на пошироките напори на НЛБ Групацијата за модернизација и развој на продажната мрежа, со фокус на дигитализација и креирање современи банкарски простори што комбинираат технологија и персонализирана услуга.

 

Експозитурата го задржува досегашното работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот и со нетрпение ги очекува своите клиенти. 

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе
26.10.2026

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка - Раст на добивката, кредитите и депозитите

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година. Банката оствари добивка од 2.91 милијарда денари, односно 2.53 милијарди денари добивка по оданочув...

Прочитај повеќе