Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со финансиска поддршка за изградбата на автопатската делница Тетово–Гостивар

НЛБ Банка Скопје обезбедува финансиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на автопатската делница Тетово–Гостивар, дел од Коридорот VIII. Со учеството во финансирањето на овој значаен инфраструктурен проект, Банката придонесува за унапредување на патната поврзаност во земјата и регионот.

 

Поголемиот дел од финансирањето на Банката се реализира преку синдициран кредит, дополнет со помал, посебен билатерален кредит. Се очекува новата автопатска делница да го олесни патувањето и транспортот меѓу Тетово и Гостивар, создавајќи подобри услови за движење на граѓаните и деловните субјекти по овој важен национален и регионален транспортен правец.

 

Преку учеството во синдицираното финансирање и обезбедувањето на посебниот билатерален кредит, НЛБ Банка Скопје ја потврдува својата посветеност на поддршката на стратешки инфраструктурни проекти што создаваат долгорочна економска и општествена вредност и придонесуваат за одржливиот развој на Северна Македонија.

 

Изградба на Коридор 8 ( делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола)

 

Студии за оценка на влијанието врз животната средина

 

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе
30.10.2026

Известување за клиенти

Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...

Прочитај повеќе
27.10.2026

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature

НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...

Прочитај повеќе