Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, клиентите кои ќе депонираат средства преку преку мобилната апликација на Банката, НЛБ мКлик, добиваат повисоки каматни стапки, што го прави он-лајн депозитот не само попрофитабилен, туку и најсоодветниот начин за управување со заштедите - во секое време и од кое било место, брзо и безбедно.

Финансиската стабилност отсекогаш била една од најзначајните животни вредности, а изборот каде ќе се чуваат заштедите, една од најважните одлуки на секој поединец.  

 

Па така, ако сè уште размислувате дали и каде да ги орочите вашите пари, сега е вистинско време да ја искористите промотивната понуда на НЛБ Банка за депозити орочени во периодот од 15 април до 15 мај, годинава. НЛБ Банка нуди онлјан депозити преку мобилната апликација НЛБ мКлик и депозити преку експозитурите на Банката, со фиксни каматни стапки за целото времетраење на депозитот.

 

Онлајн депозитот овозможува повисоки каматни стапки, 3% за штедење во денари и 2,30% за штедење во евра, а исплатата на приносот е на месечно ниво, обезбедувајќи редовен прилив и финансиска флексибилност за клиентите.

 

Промотивната каматнa стапкa за депозит преку експозитурите на Банката изнесува 2,80% за штедење во денари и 2,20% за штедење во евра, со можност за исплата со рочност, но и на месечно ниво.

 

Новата понуда на Банката е сигурност која доаѓа во вистинско време, идеално решение за финансиска стабилност и исплатливост на долг рок.

 

Нудејќи атрактивни промоции, но и широка палета на штедни и инвестициски решенија за управување со личните финансии, НЛБ Банка ја потврдува својата улога на доверлив партнер на граѓаните за управување со нивните финансии.

 

Повеќе информации за промоцијата, но и останатите штедни и инвестициски продукти се достапни на веб-страница на НЛБ Банка www.nlb.mk, во Контакт центарот на 02/15 600 и во сите експозитури на Банката. 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе