Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

NLB MUZA отвора меѓународен повик за членови на Уметничкиот Совет

НЛБ поседува богато културно наследство кое ја одразува децениската посветеност кон уметноста и историјата. Со години наназад, НЛБ ја поддржува продукцијата, развојот и промоцијата на ликовната уметност во Словенија преку континуирана аквизиција на уметнички дела, создавајќи една од најзначајните корпоративни колекции на словенечката уметност од 20-ти и 21-ви век. Покрај тоа, НЛБ има зачувано и артефакти поврзани со пари, банкарство и банкарски практики, формирајќи единствена и уникатна музејска колекција на банкарството во Словенија.

Со цел да се обезбеди правилно управување со овие уметнички богатства, НЛБ го основа Институтот за управување со културното наследство во април 2020 година.  Познат како NLB MUZA, институтот е во целосна сопственост на НЛБ д.д. и е дел од групацијата НЛБ.

 

Продолжувајќи да ја гради својата мисија за правилно управување со уметнички дела, NLB MUZA отвора меѓународен повик за аплицирање за членство во својот Уметнички Совет. Советот има витална улога во обликувањето на стратешката визија, кураторските концепти и програмската содржина во областа на современата уметност.

 

Повикот е отворен за куратори со богато меѓународно искуство во современата уметност, како и за директори на галерии и музеи на современа уметност кои покажале професионална извонредност и лидерски способности. Кандидатите треба да ја достават следната документација на англиски јазик како потврда за своите професионални квалификации: биографија (CV) и список на реализирани изложби, публикации и проекти, заедно со мотивационо писмо во кое ќе ја наведат нивната визија за развојот на современата уметност, и најмалку две препораки.

 

Улогата на членовите на Уметничкиот Совет е да советуваат за стекнување и аквизиција на современи уметнички дела, зачувување и развој на уметничката колекција, како и креирање на програмски насоки и упатства. Дополнително, тие ќе придонесуваат за меѓународно вмрежување и развој на проекти, истовремено следејќи ги трендовите во современата уметност. Мандатот на членовите е во времетраење од четири години.

 

Апликациите се испраќаат на matko.mioc@nlb-muza.si со наслов „ Application – Artistic Council” најдоцна до 25 јануари 2026 година.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе