Лоцирана на истата адреса, на ул. „Градски ѕид“, блок 2, реновираната експозитура се простира на површина од 140м2 и претставува современ деловен простор, насочен кон обезбедување напредно дигитално клиентско искуство.
Досегашното благајничко работење на експозитурата е заменето со безготовинско работење, додека уплатата и исплатата на готовина, плаќањето режиски трошоци и останатите банкарски трансакции се реализираат преку 24/7 самоуслужната зона, опремена со два банкомати за уплата и исплата на готовина.
Во експозитурата е достапна и CDS машина (Cash Deposit System) која им овозможува на правните лица брзо и едноставно депонирање готовина, во согласност со потребите на современото деловно работење.