Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната база и дополнително ја зацврсти својата финансиска позиција, потврдувајќи ја довербата на клиентите и својата стратешка улога во поддршката на населението, компаниите и домашната економија.

Во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година, НЛБ Банка оствари нето добивка од 1.722 милиони денари, што претставува зголемување од 7% во однос на истиот период минатата година. Остварениот резултат е потврда за успешното спроведување на деловната стратегија, прудентното управување со ризиците и оперативната ефикасност.

 

Во текот на истиот период, Банката продолжи со спроведување на својата стратегија за раст. Како резултат на тоа, на крајот на јуни 2026 година, вкупната актива достигна 158,6 милијарди денари и бележи годишен раст од 16,1%, додека вкупните кредити и вкупните депозити забележаа раст од 20,3% и 13,6%, соодветно. Овие показатели уште еднаш ја потврдуваат довербата што клиентите ѝ ја укажуваат на Банката, како и нејзината активна улога во поддршката на економијата и заедницата во целина.

 

Истовремено, согласно својата стратешка определба, во споменатиот период  Банката продолжи со инвестиции во дигитализацијата и модернизацијата на своето работење преку развој на нови решенија, унапредување на услугите и модернизација на деловната мрежа. Паралелно со деловните активности, НЛБ Банка продолжи да придонесува кон развојот на заедницата преку општествено одговорни иницијативи и партнерства, во согласност со својата заложба за одговорно и одржливо банкарство.

 

Ваквиот пристап и континуираните вложувања во развојот на современи услуги и решенија беа препознаени и на меѓународно ниво. НЛБ Банка по осми пат ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија“, а годинава за првпат и признанието „Најдобра дигитална банка во регионот на Централна и Источна Европа“, кои ги доделува финансискиот магазин EMEA Finance Europe. Дополнително, Банката доби  уште едно престижно признание за „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026. Овие признанија претставуваат потврда за успешното работење, иновативноста и континуираните вложувања во унапредување на клиентското искуство и современото банкарство.

 

Во периодот што следува, НЛБ Банка останува посветена на реализација на своите стратешки приоритети, со фокус на иновациите, дигиталната трансформација, одржливото банкарство и натамошното унапредување на клиентското искуство, создавајќи долгорочна вредност за клиентите, акционерите и заедницата.

 

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе