Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавуваат големата летна концертна сезона 2026- Осум музички настани, ексклузивни поволности за младите преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките

НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум концерти на регионални и домашни музички ѕвезди во текот на летото, меѓу кои настапите на: Дупер, Слаткаристика & Friends, Два Бона, Rita Ora, Senidah, Петар Грашо, Саша Ковачевиќ, Црвена Јабука и Нина Бадриќ. Со ова партнерство, НЛБ Банка ја продолжува својата заложба за поддршка на културата, музиката и настаните што создаваат вредни искуства за заедницата, со посебен фокус на младата популација и на корисниците на NLB Next пакетот за млади.

На прес-конференцијата како специјални гости присуствуваа Дупер и Слаткаристика, две големи домашни музички имиња, чии концерти се дел од програмата наменета за младата публика. По официјалниот дел беше организирано дружење на артистите со младите посетители, кои си заминаа со бесплатниот NLB Next пакет за млади и влезници за концертите. 

Концертна сезона за различни генерации публика

 

Летната концертна сезона е осмислена како музичка програма што ги поврзува различните генерации публика, од младите кои живеат динамично, дигитално и во чекор со своите интереси, до клиентите кои уживаат во музика блиска до нивниот вкус, навики и очекувања. Дел од концертите се наменети за NLB Next генерацијата, за која музиката, дружењата, патувањата и новите искуства се природен дел од секојдневието, додека другите настани носат содржина за останатите клиенти на Банката и пошироката публика.

На овој начин, партнерството меѓу НЛБ Банка и Прагма продукција создава платформа што ги обединува младешката енергија и музичките вкусови на повеќе генерации. За младите, NLB Next се надоврзува на нивниот животен стил, современ, мобилен и исполнет со избори, додека за останатите генерации е подготвена внимателно избрана музичка содржина, која носи квалитетно концертно искуство и дополнителна вредност.

Со ваквиот пристап, НЛБ Банка го зајакнува присуството во сегментот на младите, но истовремено ја потврдува посветеноста кон сите останати, нудејќи им музички доживувања што се блиски до нивните интереси и начинот на кој сакаат да го поминат летото.

 

„Со NLB Next сакаме да бидеме онаму каде што се младите, во нивниот ритам, нивните интереси и нивните искуства. Музиката е еден од најсилните начини за поврзување со младата генерација, а ова партнерство ни овозможува да им понудиме повеќе од банкарство, можност за нови доживувања, забава и привилегии што се дел од нивното секојдневие. NLB Next е креиран како современо, дигитално и бесплатно банкарско решение за млади од 18 до 25 години, но и како платформа која ги следи нивните NEXT чекори, од прва сметка и прва плата, до први големи музички искуства“. -  изјави Ивона Галиќ Петков, Самостоен советник за односи со јавност во НЛБ Банка.

 

„Летната концертна сезона 2026 ја подготвуваме како програма што ќе понуди разновидни музички доживувања, од големи регионални до домашни артисти кои имаат силна врска со младата публика. Со НЛБ Банка како партнер, оваа сезона добива дополнителна вредност бидејќи преку музиката се поврзуваме со различни генерации публика и создаваме искуства што се паметат. Веруваме дека заедно ќе реализираме лето исполнето со квалитетна музика, добра енергија и концерти блиски до вкусот на секој посетител“. - изјави Кристијан Стефановски од Прагма продукција.

 

Како артисти кои имаат силна врска со младата публика и чија музика е дел од нивното секојдневие, Дупер и Слаткаристика ги најавија своите настапи како дел од концертната програма за младите. Дупер е еден од најпрепознатливите современи македонски бендови, познат по свеж звук, позитивна енергија и песни што лесно се поврзуваат со младата генерација. Слаткаристика, пак, е едно од највлијателните имиња на домашната хип-хоп сцена, артист со препознатлив стил, силна концертна енергија и публика која го следи со години.

 

 

 

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.07.2026

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“ Дигитален концепт за современо клиентско искуство

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на собранието во Скопје - уште еден во низата...

Прочитај повеќе
29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе
09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе