Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Почитувани,

 

Ве известуваме дека НЛБ Банка изврши оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка, кои ќе се применуваат од 28.07.2026 година. Со предложените измени:

 

  • се врши намалување на надоместоци на одредени тарифни ставки
  • се бришат, односно укинуваат тарифни ставки кои се однесуваат на производи и услуги кои повеќе не се во понуда на Банката или не се применуваат
  • се врши редефинирање и техничко појаснување на постоечки тарифни ставки
  • се врши корекција на висината на поединечни надоместоци
  • се воведуваат нови тарифни ставки.

 

Измените и дополнувањата во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка можете да ги прочитате на следниот линк.

  

Повеќе детали за промените и ревидираната Одлука за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка се достапни на порталот за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги на следниот линк: НЛБ - Моја Банка или во хартиена форма во ескпозитурите на Банката.

      

 

Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.

 

 

 

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе