Известување за клиенти
Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...
Ве известуваме дека Банката изврши измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење други платежни услуги за правни лица, како и на Рамковниот договор за отворање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за правни лица, кои се однесуваат на усогласување со одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи, а ќе се применуваат од 03.10.2026 година. Дополнително, направена е измена на Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка во делот за правни лица, кои ќе се применуваат веднаш, бидејќи измените се поповолни за корисниците на платежните услуги.
Измените во Општите услови и Рамковниот договор за правни лица се направени во насока на поголема транспарентност и јасност на применливите правила согласно Законот за платежни услуги и платни системи и се однесуваат на следните ставки:
Направените измени во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка во делот за правни лица се однесуваат на:
4. ПЛАТЕН ПРОМЕТ ВО ЗЕМЈАТА ЗА ПРАВНИ ЛИЦА | ||
4.1. ОТВОРАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ, ЗАТВОРАЊЕ ПЛАТЕЖНИ СМЕТКИ И ИЗГОТВУВАЊЕ ИЗВОДИ | ||
| START UP ПАКЕТ | Без надоместок |
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.
Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје
Cоопштенија за јавноста
Привремено ограничување на креирањето платни налози со иден датум преку електронско и мобилно банкарство...
НЛБ Банка ги претставува Visa Platinum и Visa Signature, две нови премиум кредитни картички наменети за клиентите за кои премиум не е исклучок, туку личен стандард. Со внимателно избрани поволности и повеќе простор за уживање, тие внесуваат нова диме...
НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2026 до 30.09.2026 година. Банката оствари добивка од 2.91 милијарда денари, односно 2.53 милијарди денари добивка по оданочув...