Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

 

Комплетирањето на понудата на пакетите со ценовни поволности за клиентите, ја одложува примената на измените во Тарифникот на НЛБ Банка

 

Ве известуваме дека примената на оптимизацијата, измените и дополнувањата на Одлуката за тарифа на надоместоци на услугите кои ги врши НЛБ Банка АД Скопје, најавени со Известување од 28.05.2026 година, се одложува за 01.10.2026 година.

 

Одложувањето произлегува од потребата за финализација на техничките подготовки за комплетирање и зголемена достапност на пакет-производите кои обезбедуваат ценовни поволности за сите сегменти на клиенти.

 

Имено, пакетите се дизајнирани да обезбедат значително поповолни и поекономични услови во споредба со користењето на поединечни банкарски услуги, при што на клиентите им се нуди поголема вредност, едноставност и предвидливост на трошоците.

Во таа рамка, Пакетот за млади, кој се однесува на сите клиенти на возраст до 25 години е целосно бесплатен. Со Пакетот, покрај достапноста до основните банкарски услуги со посебен фокус на дигиталните решенија, се нудат и дополнителни бенефити за младите, како што се попусти на различни продажни места и одредени поволности поврзани со посета на културни, спортски и едукативни настани.

Истовремено, Пакетот за  пензионери кој е достапен по поволна цена, покрај основните банкарски услуги, вклучително и предвремена исплата на пензија, овозможува и дополнителни бенефити, како што се попусти во бањи, одредени здравствени установи, различни продажни места и слично.

Дополнително, преку имплементацијата на Стандард и Премиум пакетите, Банката го заокружува своето портфолио на поволни, едноставни и понапредни пакети, дизјанирани целосно да одговорат на потребите на клиентите.

 

Нашата цел останува да им обезбедиме на клиентите фер, одржлива и транспарентна ценовна политика, да обезбедуваме континуиран развој и сигурност на нашите производи и услуги, при што посветуваме особено внимание на интересите на потрошувачите и на воспоставувањето долгорочен, партнерски и одржлив однос со клиентите.

 

Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека корисниците на платежните услуги, ги прифаќаат промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известат Банката дека ги одбиваат промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, корисниците имаат право да го раскинат Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без да платат трошок или надоместок за раскинувањето.

 

 

НЛБ Банка АД Скопје

 

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

14.07.2026

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавуваат големата летна концертна сезона 2026- Осум музички настани, ексклузивни поволности за младите преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките

НЛБ Банка и Прагма продукција денеска, на прес-конференција во НЛБ Галерија, ја најавија соработката за претстојната летна концертна сезона, која ќе донесе серија атрактивни музички настани за различни генерации публика. Партнерството опфаќа осум кон...

Прочитај повеќе
10.07.2026

НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“ Дигитален концепт за современо клиентско искуство

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на собранието во Скопје - уште еден во низата...

Прочитај повеќе
29.06.2026

Информација за исплата на дивиденда

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: ...

Прочитај повеќе