Согласно Одлуката, износот на бруто дивидендата по акција изнесува 2.571,00 МКД за сите акционери. Исплатата на дивидендата ќе отпочне на датум 29.06.2026 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.06.2026 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 10.06.2026 година.
Датумот на евиденција според кој се определува списокот на акционери што имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 11.06.2026 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.
Барањата за исплата на дивиденда (доставени трансакциски сметки за исплата во друга Банка) кои ќе влезат во иницијалниот датум на исплата треба да бидат доставени најдоцна до 18.06.2026 година.
Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје