Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Успешно прво полугодие за НЛБ Банка

НЛБ Банка ја заокружи првата половина од годинава со силен раст кај клучните финансиски индикатори, покажува анализата на резултатите на Банката. Според неревидираните финансиски податоци, НЛБ Банка бележи зголемување на вкупната актива, зголемена кредитна активност и раст на депозитната база, што претставува јасен индикатор за нејзината стратешка посветеност кон долгорочен развој и создавање вредност за клиентите и економијата.

Какo резултат на внимателно имплементираната деловна стратегија во сите сегменти од работењето на Банката, континуираните продажни активности, успешното управување со ризици и оперативната ефикасност, во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.610.020 илјади МКД.

 

Засилениот финансиски моментум се рефлектира и кај годишниот раст на вкупната актива од 18,5%, преку зголемување на вкупните кредити кај небанкарскиот сектор од 18,9% и зголемување на вкупните депозити од 17,6%, во однос на истиот период минатата година. Ова ја одразува активната поддршка на НЛБ Банка на деловните субјекти и населението, нејзиниот придонес во развојот на домашната економија, како и довербата која депонентите и ја даваат на Банката.

 

Следејќи ја својата стратешка определба за општествена одговорност, во споменатиот период, НЛБ Банка поддржа бројни проекти од областа на културата, спортот, образованието и додели донации, одговарајќи на значајни социјални прашања. Со ова, Банката го одржува курсот на одговорно и одржливо банкарство, во согласност со своите, и стратешките определби на НЛБ Групацијата од која е дел.

 

НЛБ Банка влегува во втората половина од 2025 со стабилни финансиски основи и јасна визија. Позитивните резултати се основа за оптимизам во поглед на идниот развој. Банката останува фокусирана на иновации, дигитална трансформација и понатамошно зајакнување на односите со клиентите, со цел да обезбеди поддршка за раст и напредок во периодот што следува. 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе