Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Успешна 2024 година за НЛБ Банка - зголемена добивка, раст на кредитите и депозитите и силен придоне

НЛБ Банка успешно ја заврши 2024 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година.

Работејќи согласно својата Деловна политика за 2024 година, во услови на бројни предизвици, НЛБ Банка обезбеди финансиска поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во локалната економија. Истовремено, преку бојни општествено одговорни проекти, Банката во континуитет вложуваше во заедницата и покажа силна посветеност кон одржливо работење.

 

Во анализираниот период НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 3.294.993 илјади МКД, што претставува зголемување за 2,4% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, што се должи на успешно спроведената деловна стратегија во сите сегменти од работењето на Банката.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор на 31.12.2024 година изнесуваат 84.148.602 илјади МКД и бележат зголемување од 13,6% во однос на крајот од 2023 година. Зголемувањето произлегува од постигнатиот значаен раст на кредитната активност од 9,7% во сите сегменти од кредитирањето на население, како и во делот на кредитирањето на компаниите каде е остварен раст од високи 18,8%. На крајот на 2024 година, вкупните депозити на Банката изнесуваат 107.284.147 илјади МКД, што претставува зголемување за 15,5% споредено со крајот на 2023 година.

   

 

Во текот на годината, благодарение на своите континуирани активности на полето на општествената одговорност, НЛБ Банка се здоби со низа признанија и награди, меѓу кои: плакета за особен придонес и поддршка на Специјална олимпијада на Северна Македонија; признание за добри ESG практики од Македонска берза и Американска стопанска комора – AmCham; признание „Лидери на донирањето“ од организацијата „Конект“ и USAID Северна Македонија; признание за „Најдобри практики во корпоративна филантропија“ oд Американска стопанска комора AmCham, USAID Северна Македонија и организацијата „Конект“; две значајни признанија од организацијата на Црвениот крст –„Оскар на хуманоста“ од Црвениот крст на Град Скопје и признание „Златен поддржувач“ на активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како и признание од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за придонес во успехот на „Green Economy Financing Facility“.

    

 

Клиентите и нивното задоволство остануваат во фокусот на работењето на НЛБ Банка. Банката ќе продолжи со кредитирање на населението и стопанството со акцент на зелените проекти, но и со дигиталната трансформација, унапредување на дигиталните канали со фокус на мобилното банкарство и имплементација на иновативни и дигитални финансиски решенија за унапредено корисничко искуство, како и со проширување на своето портфолио со нови банкарски и небанкарски продукти. Воедно, НЛБ Банка и натаму останува силно посветена на своите заложби за одржлив раст, одговорно банкарство и сеопфатна грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе