Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Успешен прв квартал за НЛБ Банка

Континуиран раст, поддршка на населението и бизнисот и значаен придонес во заедницата.

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година. Работејќи согласно усвоената деловна политика, во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка оствари  нето добивка во износ од 719.468 илјади МКД што претставува зголемување за 6,1 % во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како и раст на кредитите од 2,1 % споредено со крајот од 2024 година. Во анализираниот период, вкупните депозити на Банката во однос на 31.12.2024 година се намалени за 5,8 %, додека депозитите по видување на домаќинства бележат пораст за 7,7 %.

 

Овие резултати на Банката се должат на успешно спроведената деловна стратегија,  засилените продажни активности во сите сегменти од работењето, вклучително и ефикасното управување со ризиците, оперативната ефективност и постојаната ориентација кон подобрување на корисничкото искуство и одржливиот раст.

 

Во првиот квартал од годинава, непосредно по трагедијата во Кочани, НЛБ Банка Скопје донираше средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија за прва помош на повредените и семејствата на настраданите, а како оснивач и донатор во Фондацијата „Заедно за едно“ на Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките – членки на НЛБ Групацијата, ќе реализира донација од 350 илјади евра за рехабилитација и медицински третмани на повредените, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

 

НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Во фокусот на работењето на Банката како и до сега се унапредување на дигиталните канали во насока на зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, иновациите и примената на  вештачката интелегенција, унапредување на клиентското искуство, проширување на портфолиото на производи и услуги со посебен акцент на „зелените“ продукти, како и на општествено одговорни проекти за грижа за своите вработени и заедницата во целост.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе