Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Социо-економско влијание на НЛБ Банка: 675 милиони евра додадена вредност во домашната економија и над 23.400 поддржани работни места

Во 2024 година, НЛБ Банка креира над 675 милиони евра додадена вредност директно преку своите активности, како и преку кредитите и синџирот на добавувачи, што претставува значителни 4,3% од БДП на земјата. Активата на Банката изнесува 2 милијарди евра, односно 14% од БДП на земјата, што претставува 1/7 од националната економија. Со 1,4 милијарди евра вкупно кредитно портфолио и 18% учество во вкупните бруто кредити во земјата, над 471.000 активни клиенти и 22% во вкупниот платен промет реализиран од деловните банки во 2024 година, НЛБ Банка Скопје е столб на финансискиот систем и значаен фактор на долгорочниот економски развој на земјава. Директно вработува 970 луѓе, и активно поддржува над 23.400 работни места.

Ова се клучните наоди од Студијата за социо-економското влијание на НЛБ Банка за 2024 година, кои денеска беа презентирани на еден од панелите на меѓународната конференција „NLBNext“ на тема „Иднината на банкарството“, а по повод 40-годишнината на Банката. На панелот дискутираа Тони Стојановски, Претседател на УО на НЛБ Банка, Зоран Јовановски независен член на НО на НЛБ Банка и Академик Абдулменаф Беџети.

 

Присутните добија вредни перспективи за социо-економскиот придонес на НЛБ Банка, преточени во прва Студија од ваков вид направена за една банка во нашата земја. Студијата е изработена со техничка поддршка на PwC, согласно меѓународно признати методолошки пристапи и истата го квантификува директниот, индиректниот и индуцираниот ефект од работењето на Банката.

„Со 2 милијарди евра актива, која претставува 14% од БДП на земјата или 1/7 од националната економија, социо-економското влијание на НЛБ Банка е огромно. Банката придонесува со 211 милиони евра во даноци и социјални придонеси, што е околу 4% од вкупните јавни приходи“ – го започна своето излагање, Тони Стојановски, претседател на УО на НЛБ Банка.

 

Стојановски истакна дека вкупното кредитно портфолио на крајот на 2024 година изнесува 1,4 милијарди евра, а само минатата година Банката пласирала 560 милиони евра. Од вкупното кредитно портфолио, 506 милиони евра или 35% се кредити за компании, од кои 44% се кредити за микро, мали и средни компании.

„Но, основната смисла на постоењето на НЛБ Банка оди подалеку од бројките, тоа е влијанието врз општеството, додадената вредност во исплатени плати, задржување на работни места и придонес за заедницата. Денес го славиме минатото, но силно сме фокусирани на иднината! Ја имплементираме стратегијата 2030, продолжувајќи со стабилен раст и развој, со иновации и дигитализација. Дел сме од амбициозна Групација што ни дава можност да донесеме искуствена економија во земјава. Ќе продолжиме и со вложувања во човечки капитал и поддршка на заедницата, подготвени за сѐ што следи!„- заклучи Стојановски.

Методологијата на студијата е научно признаена, истакна Академик, Проф. д-р Абдулменаф Беџети, според кого НЛБ Банка e повеќе од само финансиска институција, таа е клучен столб на економијата и финансискиот сектор во земјата, партнер од доверба и поддршка на бројни семејства и бизниси. Со 1,7 милијарди евра во депозити, и 1,4 милијарди евра вкупно кредитно портфолио, НЛБ Банка дава силна поддршка на населението и растот на приватниот сектор, континуирано создавајќи нова вредност.  НЛБ е системски важна банка, која со своето работење придонесува кон државните јавни расходи. Во 100 евра јавни расходи, НЛБ Банка учествува со 4 евра. Со 16% пазарен удел во средствата на банкарскиот сектор, Банката е длабоко интегрирана во локалната економија и активен учесник во поддршката на реалниот и граѓанскиот сектор.

Зоран Јовановски, член на НО на НЛБ Банка, ги потенцираше континуираните инвестиции во дигитализација и иновации, кои само во 2024 година изнесуваат 1,6 милиони евра.

 

„Во Банката имаат доверба над 471.000 активни клиенти од кои 453.000 физички лица и над 17.000 корпоративни клиенти. Преку НЛБ Банка 134.000 граѓани ја примаат својата плата (секој 4-ти вработен во земјата), 81.000 пензионери ја примаат својата пензија, а 42.000 корисници добиваат социјални надоместоци, што покажува колку е Банката интегрирана во секојдневниот живот на луѓето.“- истакна Јовановски и додаде дека  НЛБ Банката создаде одлична основа за иднината и како членка на најголемата банкарска и финансиска групација во нашиот регион, НЛБ Банка e силно посветена на унапредување на квалитетот на животот, придонесувајќи за одржлива економија.

 

НЛБ е лидер во почитувањето на ЕСГ стандардите - 2/3 од трансакциите се електронски, преполовена е употребата на хартија. Во 2024 година НЛБ Банка има вложено 500 илјади евра во над 50 општествено одговорни иницијативи и проекти. НЛБ е Банка која се грижи и за вработените, што сес потврдува со фактот, дека настрана од бенефициите и грижата за нивната добросостојба, само во 2024 се остварени 55,000 часови обука и инвестирани се 660.000 евра. Од мала финансиска организација основана во далечната 1985 година, НЛБ Банка се трансформираше во една од водечките банки во земјава, силна и стабилна институција со значаен придонес во економскиот развој на земјата. 

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

26.11.2025

Социо-економско влијание на НЛБ Банка: 675 милиони евра додадена вредност во домашната економија и над 23.400 поддржани работни места

Во 2024 година, НЛБ Банка креира над 675 милиони евра додадена вредност директно преку своите активности, како и преку кредитите и синџирот на добавувачи, што претставува значителни 4,3% од БДП на земјата. Активата на Банката изнесува 2 милијарди евр...

Прочитај повеќе
24.11.2025

Нова функционалност во НЛБ мКлик - Брзо, едноставно и дигитално аплицирање за дозволено пречекорување

Кажете збогум на чекањето во редици и обемната документација. Од сега, НЛБ Банка ви овозможува да аплицирате за дозволено пречекорување на вашата платежна сметка или да го зголемите веќе одобрениот лимит каде и да сте, кога и да сакате, и целосно он-...

Прочитај повеќе
07.11.2025

40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење

НЛБ Банка и оваа година, по 14-ти пат, го одбележа Месецот на штедење со низа активности посветени на најмладите, со цел да ја поттикне нивната финансиска едукација и да ја зголеми свеста за важноста од штедењето уште од најрана возраст....

Прочитај повеќе