Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Реновирана екпозитура на НЛБ Банка во Куманово

НЛБ Банка официјално ја отвори реновираната експозитура на плоштадот Маршал Тито во Куманово, потврдувајќи ја уште еднаш посветеноста кон унапредување на својата деловна мрежа за подобрено клиентско искуство. Куманово доби репрезентативен и функционален банкарски објект, кој овозможува високо ниво на услуга и целосна поддршка за граѓаните и бизнисите во регионот.

Во присуство на клиенти и партнери, свеченото отворање го означи високото раководство на Банката, Хедвика Усеник – претседател на Надзорниот одбор и Тони Стојановски - претседател на Управниот одбор, кои во оваa прилика ја истакнаа важноста од континуирана модернизација и инвестирање во квалитетни услуги и простор за клиентите.

Реновираната експозитура на НЛБ, Куманово 1, се простира на површина од над 170м2. Истата е опремена со модерен ентериер, најсовремени технолошки решенија и професионален тим подготвен да одговори на потребите на клиентите од сите сегменти - физички лица, мали бизниси и корпоративни клиенти. Просторот е современ, пријатен и функционален со цел клиентите да можат брзо, безбедно и удобно да ги завршат своите банкарски потреби.

 

Во објектот, покрај делот за прием на клиенти за советување и трансакциско работење, сместена е и 24/7 часовна АТМ зона која овозможува поголема достапност на услугите за исплата и уплата на готовина.

 

Модернизацијата и дигитализација на експозитурите е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 - 2030 година за трансформација на продажната мрежа на Банката. Новиот деловен модел ја преобликува улогата на експозитурите – од локации за основни банкарски трансакции во современи продажни центри фокусирани на севкупна поддршка и градење долгорочни односи со клиентите.

Експозитурата во Куманово го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе