Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Програмата „Green&Growth“ за зелено финансирање на ЕБОР достапна и преку НЛБ Банка Скопје

НЛБ Банка Скопје се приклучи кон програмата „Green&Growth“ на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со што ќе се прошири пристапот до зелено финансирање во нашата земја.

Програмата е дел од пошироката Платформа за праведна транзиција на енергијата (Just Energy Transition Energy Platform-JETIP), поддржана од Климатскиот инвестициски фонд (Climate Investment Fund - CIF), креиранa да ѝ помогне на земјата во транзицијата во насока на прекинување на користењето на јаглен. Финансирањето ќе ги поддржи локалните компании во примена на одржливи, енергетски – ефикасни технологии.

    

Финансирањето преку програмата „Green&Growth“ ќе биде достапно за компаниите од Пелагонија и југо-западниот регион, кои се најмногу погодени од претстојните планови за напуштање на користењето на јагленот како енергенс. Компаниите кои се квалификуваат за ваквиот тип поддршка, ќе бидат вклучени во пошироки инвестиции на зелени технологии, подобрување на енергетската ефикасност, како и проширување на постоечките и отворање на нови капацитети во регионите каде што е планирана поддршката.

Програмата „Green&Growth“ ќе им овозможи на локалните компании, независно од нивната големина, да обезбедат наменски кредити за финансирање на нивните инвестиции.

 

„Среќни сме што со ЕБОР ги делиме истите вредности и визија за одржлива иднина. Нашето стратешко партнерство во ‘Green & Growth’ ќе обезбеди суштинско финансирање за поддршка на зелената транзиција на корпоративниот сектор во Пелагонија и Југозападниот регион. Оваа иницијатива не е само финансиски потфат, туку јасен израз на една долгорочна визија. Ние во НЛБ веруваме дека одржливото финансирање е камен-темелник на отпорна економија и здраво општество и дека изборите што ги правиме денес ќе го обликуваат светот што нашите деца ќе го наследат утре“. - изјави Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

    

Александра Вукосављевиќ, Директор на тимот Финансиски институции за Западен Балкан и Источна Европа, ЕБОР изјави дека потпишувањето на овиe договори претставува значаен чекор на земјата кон одржлива и енергетски ефикасна иднина и нагласи дека ова партнерство ќе игра круцијална улога локалните компании да ги прифатат иновативните технологии и да придонесат во праведна и инклузивна енергетска транзиција.

    

Според националната стратегија, Северна Македонија има зацртано високи, но остварливи климатски цели во насока на намалување на стакленичките гасови за 52% и намалување на нето загадувањето на долг рок. Во правец на оваа посветеност и вклопување во меѓународната климатска рамка, земјата работи кон целосно исклучување на користењето на јаглен пред 2030 година, истовремено обезбедувајќи енергетска безбедност и социјална еднаквост во самиот процес на транзицијата.

    

Овој договор е продолжение на нашата долгорочна и успешна соработка. Oд 2011 до денес, НЛБ Банка учествува во 9 кредитни линии на ЕБОР кои имаат зелена или социјална компонента, наменети за корпоративниот и резиденцијалниот сектор, а со кои досега се поддржани повеќе од 300 проекти за правни лица и над 600 проекти за физички лица. 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе