Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Придобивка повеќе за корисниците на НЛБ haPPy, единствената кешбек картичка

Намалена каматна стапка на безготовински трансакции.

Единствената картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјава и странство, и единствената картичка со која и кога пазарувате - заштедувате, во неколку месечниот промотивен период добива уште поголема вредност, овозможувајќи им на оние кои ја поседуваат опуштено пазарување и правејќи ја најдобриот пријател на нивниот џеб.

 

Имено, од почетокот на април па сè до 31 јули годинава, НЛБ Банка ја намалува каматната стапка на трансакциите направени со НЛБ haPPy картичката. Намалената каматна стапка која во промотивниот период изнесува 8,9% се однесува на сите безготовински трансакции направени со НЛБ haPPy картичката на ПОС терминали, но и при он-лајн пазарување.

За потсетување, НЛБ haPPy картичката е кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard со меѓународна важност која може да се користи секојдневно. Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место клиентите на Банката добиваат поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации, во повеќе од 25 различни дејности. Клиентите добиваат загарантиран cashback и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство.

 

Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е клиентот да ја поседува кобрендираната НЛБ haPPy картичка во својот паричник. Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.

 

Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе
16.04.2026

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, к...

Прочитај повеќе
08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе