Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

НЛБ д.д. продолжува да создава подобри отпечатоци и да го зајакнува своето влијание во Југоисточна Европа, особено во сферата на одржливоста.

По значително подобрениот ЕСГ рејтинг за ризици за 10.5 од „Morningstar Sustainalytics“ кон крајот на 2024 година, Банката сега заработи две признанија од истата водечка компанија за истражување, рејтинг и податоци за ЕСГ.

   

„Morningstar Sustainalytics“ неодамна ја претстави својата листа на најдобро оценети компании за ЕСГ (животна средина, социјални апсекти и корпоративно управување) за 2025 година која опфаќа над 15.000 компании во 42 индустрии, препознавајќи ја НЛБ како „Top regional and Top industry“ компанија. Овие признанија ја потврдуваат посветеноста на НЛБ за одржливи практики и одговорно работење.

  

Признанието „Top regional“ ја става НЛБ меѓу 432-те највисоко оценети компании во Европа, додека признанието „Top industry“ ја рангира на 42-то место од 1.027 оценети банкарски компании ширум светот.

„Ние сме исклучително горди на ова признание за НЛБ и за целата Групација, бидејќи ги одразува вредните напори на нашиот менаџмент, ЕСГ координаторите и сите вработени. Ова признание ја зајакнува посветеноста на НЛБ за подобар свет, почнувајќи од нашиот матичен регион. Високиот рејтинг и признанијата од реномирани агенции се сигнал до јавноста дека компанијата е отпорна и прогресивна, дека ефикасно управува со ризиците, истовремено искористувајќи ги предностите на одржливиот бизнис. За инвеститорите, ова претставува клучен показател за долгорочна вредност и одговорни деловни практики на денешниот пазар.“ – истакнува Иван Томиќ, Директор за стратегија и бизнис развој во НЛБ д.д.

     

Ова признание доаѓа откако НЛБ ја доби својата подобрена оценка за ЕСГ од 10.5 на крајот на 2024 година. Оценката, како одраз на нискиот ризик од материјални финансиски влијанија од ЕСГ фактори, ја смести НЛБ во топ 5-ти перцентил од сите банки оценети од Morningstar Sustainalytics. Ова претставува повеќе од 34% подобрување од рејтингот што НЛБ го доби во 2023 година, што се должи на подобрените перформанси на Банката за 26%, и промената во методологијата на Sustainalytics, која придонесе со 8% во подобрувањето. НЛБ најмногу го подобри своето одржливо работење во Приватноста на податоците, Сајбер-безбедноста, Одговорната маркетинг политика и Одговорното управување со средства. Повеќе за резултатите тука.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе
31.03.2026

НЛБ Банка го претставува „NLB Next“ Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност

Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт - прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие момен...

Прочитај повеќе
27.03.2026

НЛБ Банка: Создаваме подобар свет - Лидерскиот состанок во Охрид започна со општествено одговорна акција

Прочитај повеќе