Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања

Од 7 октомври, НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА - Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци.

Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA - Single Euro Payments Area), со што стана и првата банка во Република С. Македонија која го започна процесот на интеграција во системот, веќе од утре, клиентите на НЛБ Банка ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра во над 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери.

 

Значајна придобивка за клиентите е новиот тарифник за СЕПА и повеќекратно пониските надоместоци, со посебен фокус на електронските плаќања. Така, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, односно 5 евра за најголемиот број на кредитни трансфери, додека за приливите продолжува со 0,16 евра за најниските рангови и 3 евра за најголемиот број на приливни транасакции. Примателите на странски плати и пензии во НЛБ Банка продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без провизија.

 

И за компаниите, Банката ќе понуди повеќекратно намалени тарифни надоместоци за електронските плаќања.

Повластените надоместоци за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамките на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.

 

Ценовното стимулирање на електронските налози ги поттикнува клиентите да ги извршуваат плаќањата преку дигиталните канали наместо на шалтер, што претставува значаен импулс во севкупната дигитална трансформација, унапредување на клиентското искуство и зајакнување на дигиталната зрелост во банкарскиот систем. Сепак, НЛБ Банка воведе пониски надоместоци и за шалтерските налози, почитувајќи ги префенците и потребите на клиентите.

 

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе