Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка воведува дигитално потпишување на кредитна документација за физички лица

Следејќи ја својата визија за дигитална трансформација во банкарското работење, НЛБ Банка како лидер во иновации во банкарскиот сектор, воведува ново решение за дигитално потпишување на документите за кредитните продукти за физички лица во експозитурите.

Имлементацијата на новиот начин на потпишување на банкарската документација значително го скратува времето на целиот кредитен процес и го унапредува клиентското искуство. Истовремено, ја намалува потрошувачката на хартија за повеќе од 25%, поддржувајќи ја посветеноста на Банката за одговорно банкарство и одржливо работење.

Станува збор за брз, безбеден и исклучително едноставен процес со кој физичкото потпишување и архивирање на хартиената кредитна документација „заминува во историјата“. Веќе во сите експозитури на НЛБ Банка во земјата, клиентите ќе потпишуваат договори за потрошувачки кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на платежна сметка преку безбедни електронски уреди за потпишување (e-Pads), а целата документација ќе биде проследена до клиентот преку електронска пошта.

     

„Динамичниот начин на живот и напредокот на технологијата значително ги менуваат потребите на луѓето и корисничките навики.  Клиентите очекуваат брзи, ефикасни и сигурни банкарски услуги, а наша задача е тоа и да им го овозможиме. Воведувањето на дигиталниот потпис на кредитната документација за физички лица во експозитурите на Банката е уште еден чекор повеќе на нашиот пат кон дигитална трансформација на банкарското работење, а интеграцијата на ова решение е само една од многуте иницијативи кои имаат за цел да го направат искуството на нашите клиенти модерно, ефикасно и еколошки одговорно.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

     

Дигиталното потпишување на кредитна документација има бројни приодбивки. Значително ја подобрува ефикасноста и ефективноста на банкарските службеници кои работат на првата линија со клиентите, го скратува времето на чекање во експозитурите и потпишување на обемната хартиена документација. Воедно, драстично се намалува потребата од печатење на документите, што е исклучително важно за намалување на потрошувачката на хартија и електрична енергија, заштита на природните ресурси и минимизирање на отпечатокот врз животната средина.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе