Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка во партнерство со ЕБОР и ЕУ во поддршка на дигитализацијата на бизнисите во земјава

НЛБ Банка Скопјe потпиша договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со кој обезбеди 2 милиони евра за кредитирање на мали и средни претпријатија за инвестиции во дигитални и зелени технологии.

Кредитот се одобрува во рамките на програмата „Go Digital за Западен Балкан“, поддржана од Европската Унија (ЕУ), која има за цел да поттикне иновации, конкурентност и одржлив раст во приватниот сектор.

 

НЛБ Банка преку „Go Digital” програмата на ЕБОР отсега им овозможува на малите и средни претпријатија да аплицираат за финансирање на широк спектар на технологии и инвестициски решенија, почнувајќи од едноставно усвојување на автоматизирани и роботизирани индустриски решенија, па сѐ до комплексни дигитални алатки за донесување на одлуки, како и генерирање на податоци и алатки за анализа, со што ќе придонесат за декарбонизацијата и генерирање на ефикасност.

Покрај кредитирањето, малите и средни претпријатија во земјава, преку оваа програма ќе бидат поддржани со грантови во висина од 10 отсто од вредноста на кредитот, како и со техничка помош која ќе им помогне да ги идентификуваат и структуираат приоритетните инвестиции.

 

„Малите и средни претпријатија се 'рбетот на нашата економија. Поддржувајќи ја нивната транзиција кон почисти, поефикасни и дигитални бизнис модели, ние не само што инвестираме во нивната конкурентност, туку и во поотпорна и економија подготвена за иднината. Веруваме дека преку оваа кредитна линија ќе им помогнеме на бизнисите да го намалат својот еколошки отпечаток, а воедно и да ја зголемат продуктивноста и пристапот до нови пазари“, изјави Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

 

Фатих Туркменоглу, Претсавник на ЕБОР за Северна Македонија, нагласи дека поддршката на малите и средни претпријатија во нивната дигитална и зелена транзиција е од суштинско значење за поттикнување на конкурентен и отпорен приватен сектор, а токму овој заем има за цел да им помогне на овие претпријатија да ја искористат моќта на автоматизацијата и дигитализацијата, правејќи ги поконкурентни на локалните и на меѓународните пазари.

 

На потпишувањето на договорот, Михалис Рокас, Амбасадор на Европска Унија во Северна Македонија, нагласи дека со овој наменски кредит се отвораат можности за малите и средни претпријатија да го подобрат работењето, да ја зајакнат продуктивноста и поттикнат иновативноста, додадавајќи дека поддршката на дигиталната трансформација во бизнис сферата, преку Инвестициската програма за Западен Балкан, како и реформскиот и развојниот план останува приоритет на ЕУ.

 

Партнеството меѓу НЛБ Банка, ЕБОР и ЕУ гарантира овие инвестиции да се согласно стандардите за зелена и одржлива економија, помагајќи им на бизнисите при имплементација на решенија да се поеколошки и поконкурентни за пазарите на ЕУ. Доказ за тоа е долгодишната и успешна соработка помеѓу НЛБ Банка и ЕБОР, изразена во 9 кредитни линии со кои досега се поддржани повеќе од 300 проекти за правни лица и над 600 проекти за физички лица. 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе