Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка Скопје e првата банка во земјата со формална апликација кон СЕПА

НЛБ Банка Скопје официјално ја достави апликацијата до Европскиот платен совет за членство во СЕПА (SEPA - Single Euro Payments Area), со што станува и првата банка во Република С. Македонија која го започна овој значаен процес на интеграција на македонскиот финансиски систем во европскиот платежен систем.

СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА.

Патот кон СЕПА за нашата земја го отвори Народната банка со воспоставувањето на целосно нова правна рамка во доменот на плаќањата, усогласена со регулаторните барања на СЕПА и формалното поднесување на апликацијата за членство, за што Европскиот совет за плаќања на 6 март 2025 година донесе позитивна одлука. Со прифаќањето на Република С. Македонија во географската зона на СЕПА на македонските даватели на платежни услуги - банките им се овозможи да аплицираат за учество во СЕПА платежните шеми и оперативно вклучување за извршување на плаќањата во евра со сите земји членки почнувајќи од 6 октомври 2025 година.

 

„Членството на НЛБ Банка Скопје во СЕПА ја потврдува нашата посветеност кон иновации, интеграција и финансиска достапност за сите наши клиенти. Тоа е стратешки потег кој ја подобрува позицијата на македонските граѓани и компании на европскиот пазар и ги отвора вратите кон европскиот финансиски систем, овозможувајќи им на поединците и бизнисите од Република С. Македонија поефикасно да учествуваат во економијата на Еврозоната. Од друга страна, приклучувањето кон СЕПА придонесува кон напорите за целосна финансиска интеграција на нашата земја во европскиот економски простор“- истакнуваат од НЛБ Банка Скопје.

 

Пристапот во СЕПА на НЛБ Банка Скопје се очекува да биде на почетокот на октомври годинава, по техничката интеграција на Банката со системот. Со приклучувањето кон СЕПА, НЛБ Банка Скопје ќе им овозможи на своите клиенти да вршат и примаат плаќања во евра низ, во моментов 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери.

 

Стандардизираните процеси и информативните формати на СЕПА обезбедуваат јасност и предвидливост во платните операции, побрзи трансакции - плаќањата во евра се обработуваат истиот или најдоцна следниот работен ден низ земјите на СЕПА, подобрени деловни можности и низа други придобивки за граѓаните и компаниите.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе