ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија
Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...
Како членкa на силната регионална НЛБ Групација, НЛБ Банка Скопје гордо го поддржува еден од најголемите спортски настани во регионот на Југоисточна Европа – НЛБ Љубљанскиот маратон. Овој маратон не е само спортска трка, туку претставува симбол на упорност, енергија и поврзување помеѓу луѓето. Новата структура на надоместоци во домашниот и меѓународниот платен промет, пред сè, значи осетно пониски трошоци и заштеди за граѓаните и компаниите. Истовремено претставува уште еден придонес на Банката кон одржливост на економскиот раст, обезбедување на едноставен и прифатлив пристап до платежните услуги и чекор повеќе во справувањето со сивата економија.
На 18 и 19 октомври 2025 година, Љубљана повторно ќе биде во знакот на трчањето, а градот ќе пулсира со позитивна енергија, ентузијазам и поддршка од илјадници учесници и навивачи. Годинава се очекува рекорден број на натпреварувачи - над 20.000 од повеќе од 40 земји во светот, меѓу кои и голем број натпреварувачи од Македонија.
Во изминатите години, голем број вработени и клиенти на НЛБ Банка Скопје веќе зеле учество на љубљанскиот маратон, а оваа година, како официјален партнер, НЛБ Групацијата овозможува и посебни поволности за сите свои клиенти кои сакаат да бидат дел од ова уникатно спортско искуство.
Специјални попусти за клиенти на НЛБ Банка Скопје
Сите кои ќе се регистрираат за учество на (https://registration.ljubljanskimaraton.si/en/all.html) и ќе направат уплата со НЛБ платежна картичка имаат можност да добијат попуст на котизацијата за следните трки:
И двата кода важат до 30 септември 2025 година, а регистрациите не се преносливи.
Маратон што нè поврзува
НЛБ Љубљанскиот маратон претставува повеќе од трка. Тој е можност да се биде дел од поширока заедница, да се чувствуваш инспирирано, поддржано и гордо што си дел од нешто големо. Без разлика дали ќе трчате 10, 21 или 42 километри – ова е искуство што го зајакнува телото и духот.
НЛБ Банка ги охрабрува сите љубители на спортот и активниот живот да се пријават и да бидат дел од оваа спортска приказна.
Cоопштенија за јавноста
Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...
НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...