Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка овозможува онлајн ажуирирање на личните податоци

Целосно дигитален процес во секое време и од кое било место.

НЛБ Банка овозможува онлајн ажурирање на сите лични податоци преку веб страницата на Банката. Оваа функционалност целосно ја елиминира потребата од посета на експозитура, обезбедувајќи брз и едноставен процес и максимална заштита на личните и банкарските податоци на клиентот. Постапката за онлајн ажурирање на личните податоци е овозможена со електронска идентификација на клиентот преку мобилната апликација OneID на КИБС.

 

За да изврши ажурирање на личните податоци со електронски идентитет, клиентот најнапред треба ја преземе мобилната апликација OneID и да креира свој профил за истата. Понатаму, преку веб страницата на Банката, клиентот ќе може да започне процес за ажурирање на податоците со внес на корисничко име и лозинка за најава, и потврда на својот дигитален идентитет во ОneID мобилната апликација. Онлајн ажурирањето на личните податоци е брза и едноставна постапка која може да се заврши за само неколку минути. (видео упатство за онлајн ажурирање на лични податоци)

„Како Банка, ние сме силно посветени на дигиталната трансформација и интензивно работиме на дигитализација на сите наши услуги, сè со цел на нашите клиенти да им овозможиме флексибилни и достапни банкарски решенија кои го адресираат, денес можеби за сите најважниот ресурс, времето. Истовремено, продолжуваме да ја нудиме услугата и во нашата мрежа на експозитури, почитувајќи го изборот и префенците на клиентите“- истакнуваат од НЛБ Банка.

 

Клиентите на НЛБ Банка со важечки документ за идентификација и досега можеа да ажурираат лични податоци брзо и безбедно преку апликацијата за мобилно банкарство, но по промена на документ за лична идентификација потребна беше посета на експозитура. Оваа дополнителна услуга значително ја олеснува постапката за ажурирање на сите лични податоци, овозможувајќи целосно дигитален процес од едно место - веб страницата на Банката, во кое било време и од кое било место.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

09.06.2026

НЛБ Банка добитник на националната Награда за благосостојба на вработените во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“

НЛБ Банка е добитник на Награда за благосостојба на вработените, доделена во рамките на проектот „Предводници на одржливиот развој“, инициран од Клубот на одговорни бизниси при Здружението Конект, во партнерство со Министерството за економија и труд ...

Прочитај повеќе
05.06.2026

Дополнување на Известување за оптимизација, измени и дополнувања на Одлуката за Тарифа на надоместоци на услугите

Прочитај повеќе
01.06.2026

Дивиденден календар за 2026

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 28.05.2026 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје....

Прочитај повеќе