Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка и Економскиот факултет во Скопјe објавуваат повик за награден хакатон за студенти

НЛБ Банка во соработка со Економскиот факултет во Скопјe, најавува организација на дводневен хакатон за студенти.

Наградниот хакатонот, насловен како „NextBank“ е платформа на која студентите од економскиот, но и од останатите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe можат да ги претстават своите иновативни идеи и да се вклучат во креирање на иднината на банкарството преку примена на вештачката интелигенција.

    

Фокусот на „NextBank“ е ставен на трансформација на банкарските услуги и процеси, вклучувајќи подобрување на корисничкото искуство, креирање на посебна понуда/пакет за млади, спречување финансиски измами, како и развој на одржливи производи и инвестиции. Студентите ќе работат во мултидисциплинарни тимови, а низ целиот процес ќе имаат менторска поддршка од врвни експерти од академската заедница и банкарскиот сектор.

 

Хакатонот ќе се одржи во просториите на Економскиот факултет во Скопје во периодот од 16 до 20 јуни годинава, а рокот за пријавување на студентите е до 5 јуни.

 

Освен практичната работа, вмрежувањето и искуството кое ќе го стекнат со учество во овој хакатон, студентите можат да освојат и вредни тимски награди: 1.000 евра за освоено прво место, 750 евра за освоено второ место и 500 евра за третопласираниот тим.

„Ги повикуваме студентите да ни се приклучат во наградниот хакатон за развој на банкарски решенија со примена на вештачката интелигенција, организиран од нашата Банка во соработка со Економскиот факултет во Скопје. Овој настан претставува единствена можност за младите, талентирани и амбициозни умови да го покажат својот потенцијал и да придонесат кон иднината на банкарскиот сектор. Вештачката интелигенција веќе го трансформира светот, од начинот на кој комуницираме, учиме и работиме, па сè до начинот на кој управуваме со финансиите. Во банкарството, вештачката интелигенција ни овозможува побрзи, попаметни и побезбедни услуги, персонализирано искуство за клиентите и поефикасни интерни процеси. Веруваме дека иднината припаѓа на оние кои ќе умеат да ја разберат, развиваат и применуваат оваа технологија.“– истакнуваат од НЛБ Банка.

 

Инаку, иницијативата за хакатонот произлегува од неодамна потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу НЛБ Банка и Економскиот факултет, чија цел е поттикнување на иновациите и креативноста кај младите таленти. Ова не е само натпревар, туку инвестиција во лична надградба, но и во  иднината на модерното банкарство.

 

НЛБ Банка е посветена на иновации и извонредност во банкарските услуги. Преку иницијативи како што е NextBank хакатонот, Банката продолжува да го поддржува развојот на идните лидери и иноватори во финансискиот сектор.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе