Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка и Економскиот факултет Скопје потпишаа меморандум за соработка: „Нови можности за студенти

Во просториите на деканатот на Економскиот факултет- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, и деканот на Факултетот, проф. д-р Предраг Трпески потпишаа Меморандум за соработка, со кој се согласија да развиваат заеднички активности насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните процеси.

Преку оваа соработка, НЛБ Банка и Економскиот факултет ќе ја зајакнат врската помеѓу теоретското знаење и практичната примена, создавајќи можности за директна соработка помеѓу студентите и експертите од индустријата.

    

Соработката со Економскиот факултет-Скопје е важен чекор за НЛБ Банка во насока на нашата посветеност на развојот на младите таленти и нивното вклучување на пазарот на труд. Благодарение на партнерството, студентите ќе се запознаат со реалните предизвици со кои се соочува индустријата, а ние како Банка ќе бидеме во можност да вложиме во нивниот развој и да ги подготвиме за идните професионални патишта. Со оваа соработка очекуваме да направиме значителен придонес во образованието и општеството.“-изјави Стојановскипретседател на УО на НЛБ Банка.

     

Во контекст на партнерството деканот на Економскиот факултет проф. д-р Предраг Трпески додаде: „Оваа соработка ја нагласува нашата посветеност да го поврземе академското знаење со финансиските практики од реалниот свет, создавајќи можности за нашите студенти, факултет и пошироката заедница да напредуваат. Преку овој меморандум, имаме за цел да промовираме заеднички раст и да го поддржиме континуираниот развој на секторот за финансиски услуги, истовремено обезбедувајќи им на нашите студенти уникатни можности за учење, истражување и професионален развој “.

     

Соработката помеѓу НЛБ Банка и Економскиот факултет има долга традиција и е важна за двете страни – за Банката, тоа е шанса за привлекување млади таленти и развој на идни стручњаци, а за факултетот, партнерството овозможува подобрување на наставната програма и поврзување со индустријата.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе