Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка го одбележа 40-годишниот јубилеј со гала концерт-Ноќ на музичко совршенство, и посветеност кон изноредност и заедницата

НЛБ Банка го одбележа својот 40-годишен јубилеј со спектакуларен гала концерт. Настанот, одржан во присуство на претставници на институциите, партнери, соработници, клиенти, колеги и истакнати поединци, заслужни за незапирливиот раст на Банката беше незаборавна прослава посветена на четирите децении извонредност и партнерства.

На коцертот настапи најголемиот македонски музички амбасадор, пијано-маестро Симон Трпчески, во придружба на квинтетот Македонисимо и Камерниот ансамбл - солисти од Факултетот за музичка уметност во Скопјe, кој заедно со својот тим, специјално за оваа прилика креираше и премиерно изведе музичка програма - дела кои ја воодушевија публиката во преполната сала на Националната опера и балет. Секое дело беше избрано за да го одрази моментот на прослава и иновативност, отелотворувајќи го истиот напреден дух и вредности кои ја дефинираат НЛБ Банка.

 

Под диригентската палка на Сашо Татарчев, присутните имаа можност да уживаат во фрагменти од концертот за пијано (Император) од Л.В. Бетовен, Унгарската рапсодија на Лист и музичка палета на повеќе-децениски поп хитови од земјава и регионот, во изведба на еден од најдобрите македонски женски вокали, Каролина Гочева. 

 

Вечерта ја отвори претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски, кој осврнувајќи се на скромните почетоци во далечната 1985 година и растот на Банката низ годините, упати искрена благодарност до сите оние кои дале значен придонес во трансформацијата на малата финансиска институција во системски значајна банка и еден од столбовите на македонскиот финансиски систем. Стојановски упати посебна благодарност до клиентите за нивната доверба и лојалност кон Банката.

 

„Вие секогаш сте биле и ќе останете наша инспирација да иновираме и да развиваме финансиски решенија кои ги задоволуваат вашите еволуирачки потреби, го поттикнуваат вашиот раст и ви помагаат да постигнете траен успех.“- рече Стојановски.

 

Со оптимизам и амбиција за идината, првиот човек на НЛБ Банка Скопје потенцираше: „Нашата визија е јасна - да бидеме прв избор за клиентите, да испорачаме врвно корисничко искуство и вредност за нашите акционери. Посветени сме да го предводиме патот на дигиталната трансформација, правејќи го банкарството подостапно, брзо, лесно и безбедно. Затоа, продолжуваме да инвестираме во нашите луѓе, во новите технологии, но и во заедницата во која живееме и работиме – едноставно, како и досега, продолжуваме да бидеме  катализатор за севкупен напредок и просперитет на нашата земја.“

 

На настанот свои обраќања имаа и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д Љубљана, Блаж Бродњак и претседателката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Хедвика Усеник кои упатија искрени честитки за јубилејот и срдечна благодарност до сите кои се дел од успешната приказна на НЛБ Банка. Тие изразија длабоко уверување дека, преку континуирана посветеност, соработка и споделени вредности, НЛБ Банка Скопје ќе постигне уште поголеми успеси во наредните години, зајакнувајќи ја својата улога како доверлив партнер и лидер во финансискиот сектор во земјата, и ќе продолжи да биде важен столб во рамките на брзо-растечката НЛБ Групација.

 

НЛБ Банка е трета по големина банкарска институција во земјата, длабоко интегрирана во локалната економија и активен учесник во поддршката на реалниот и граѓанскиот сектор. Денес, со актива од 2.3 милијарди евра и кредитно портфолио од 1.5 милијарди евра,  НЛБ Банка е една водечките банки во македонскиот банкарски сектор, која  поставува стандарди во дигиталното банкарство, корпоративното управување и одржливото финансирање.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе