Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје, на денешната седница, донесе одлуки за ре-именување на постоечки член и именување на тројца нови членови на Управниот одбор. Со ова, Надзорниот одбор го утврди предлогот за зголемување на бројот на членови на Управниот одбор на Банката од досегашните четири, на пет члена во одборот.

Согласно наведените одлуки, Надзорниот одбор ја ре-именуваше Катерина Јанковиќ која е член на Управниот одбор на Банката, со нов 4-годишен мандат, почнувајќи од јануари 2026. Јанковиќ е докажан финансиски експерт со повеќе од две децении банкарско искуство во областа на корпоративното и малопродажното банкарство.

 

На истата седница Надзорниот одбор на Банката, со мандат од 4 години, ги именуваше Бојан Стојаноски, Драгиша Тадиќ и Кирил Бухов за нови членови на Управниот одбор, почнувајќи од јануари 2026. Членовите на Управниот одбор на Банката, Петер Зелен и Игор Давчевски ќе продолжат да ги извршуваат своите функции до истекот на нивниот мандат, односно до крајот на 2025 година.

Новоименуваните лица официјално ќе ги преземат функциите, членови на Управниот одбор на Банката, по добивање на согласност од Народната банка за именување на членови на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

 

Кои се новоименуваните членови на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

 

Бојан Стојаноски е банкарски експерт со над 20 години искуство на високо раководни позиции во банкарскиот сектор, во областа на корпоративното банкарство, управување со ризици, кредитирање, финансиски менаџмент и управување со средства. Во НЛБ Банка Скопје доаѓа од Стопанска банка АД Скопје, каде што од 2020 година е член на Управниот одбор и Генерален директор за управување со ризици. Во периодот од 2012 до 2019 година, работи во Халкбанк АД Скопје, најпрво како Заменик генерален директор задолжен за продажба, финансиски пазари и средства, а подоцна како Заменик генерален директор за кредитни ризици и финансии. Стојаноски е магистер по економски науки при Економскиот институт - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има диплома по економија на истиот универзитет.

 

Драгиша Тадиќ доаѓа од НЛБ Комерцијална Банка, Белград, од позицијата Извршен директор за кредитни ризици, која ја извршуваше и во периодот помеѓу 2015 и 2020 година во НЛБ Банка, Белград. Од 2020 до 2022 година, тој е помошник на Управниот одбор на Комерцијална банка, Белград. Неговото искуство е поврзано и со лизинг операции. Тадиќ моментално е член на Надзорниот одбор на НЛБ Leasing&Go, Белград, а до 2015 година работеше во ПроКредит Лизинг, Белград. Има диплома од универзитетот во Белград во областа на меѓународната економија и трговија, како и од универзитетот во Љубљана во областа на деловната администрација.

 

Кирил Бухов се приклучи на тимот на НЛБ Банка Скопје во јануари годинава како помошник на Управниот одбор. Професионалната кариера ја започнува во областа на телекомукациите во 2001, а во банкарството преминува во 2006 година. До 2025 година работи во Халкбанк АД Скопје каде напредува до позицијата Директор на сектор за информациски системи. Бухов е дипломиран инженер на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде завршува и  магистерски студии по проектен менаџмент. Поседува богато искуство од областа на дигиталната трансформација, кибер безбедноста, банкарските операции и информациските технологии.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе