Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за измени во Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други

Почитувани,

 

 

Ве известуваме дека Банката изврши измена и дополнување на Општите услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица и правни лица, како и во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка, кои ќе се применуваат од 23.6.2025 година:

 

Измените во Општите услови се однесуваат на одредби за: комуникација со клиентите, авторизација на трансакции, уредување на околностите на крајно невнимание, како и одредени технички прилагодувања. Ревидираните Општи услови за отворање и одржување на платежна сметка и вршење на други платежни услуги на физички лица се објавени на следниот линк, а за правни лица на следниот линк.

 

Измените и дополнувањата во Одлуката за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка можете да ги прочитате на следниот линк.

  

Повеќе детали за промените, ревидираните Општи Услови и ревидираната Одлука за Тарифата на надоместоци на услугите што ги врши НЛБ Банка се достапни на порталот за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги на следниот линк: НЛБ - Моја Банка или во хартиена форма во ескпозитурите на Банката.

      

 

Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека како корисник на платежни услуги, ги прифаќате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја известите Банката дека ги одбивате промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без да платите трошок или надоместок за раскинувањето.

 

 

 

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе