Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за измени во Договор за отварање и одржување на платежна сметка и други платежни услуг

Почитувани,

 

    

Ве известуваме дека  НЛБ Банка  АД Скопје изврши измена и дополнување на Договорот за отварање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко лице (Рамковен договор),  кој ќе се применува од 29.04.2025 година. 

 

Измените во Договорот за отварање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко лице се однесуваат на:

  •  Во дел II. Платежна сметка, во точка 7, се додава точка 7.5 која се однесува на уредување на начинот на исплата на пензии во НЛБ Банка, која  гласи:

 Доколку Корисникот остварува право на пензија, тој се согласува дека:

- Банката, по добивање на официјална потврда од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) која содржи точна пресметка на износот на пензијата, може да изврши предвремена исплата на износот на пензијата од сопствените средства на Банката на сметката на Корисникот на пензија,

 

- Корисникот е согласен, по преносот на пензиските средства од ФПИОСМ на сметка на Банката, Банката да има право да го поврати претходно исплатениот износ единствено од пристигнатите средства од ФПИОСМ,

 

- Во случај на недостиг или задоцнување на средствата од ФПИОСМ, Банката нема право да бара поврат на предвремено исплатените средства од Корисникот на пензија,

 

- Корисникот е согласен, секогаш кога ќе се примени овој начин на исплата, Банката да го извести ФПИОСМ.“

 

  •  Во дел XII. Завршни одредби, се менува точка 25, и во истата точка се дополнува одредба со која се предвидува потпишување на договорната документација и во електронска форма. Изменетата точка 25 гласи:
  1. 25.  Примероци и меродавен јазик

25.1      Во случај доколку овој Договор се потпишува во хартиена форма:

 

25.1.1    кога Корисникот е резидент, овој Договор ќе биде составен на македонски јазик, во 2 (два) истоветни примероци, од кои по 1 (еден) примерок за секоја Страна.

 

25.1.2    кога Корисникот е нерезидент, овој Договор ќе биде составен во 4 (четири) примероци, од кои 2 (два) истоветни примероци на англиски јазик и 2 (два) истоветни примероци на македонски јазик, и секоја од Страни ќе добие по 1 (еден) примерок на англиски јазик и по 1 (еден) примерок на македонски јазик. Во случај на неусогласеност помеѓу двете верзии на овој Договор, меродавна ќе биде верзијата на македонски јазик.

 

25.2        Во случај доколку овој Договор Корисникот го потпишува на електронски уред (pad) со дигитално пенкало (е-Pen) и временски жиг, а Банката со квалификуван дигитален потпис и временски жиг, овој Договор ќе биде создаден само како електронски документ и истиот ќе биде доставен на Корисникот по електронска пошта.

 

Ревидираниот Договор за отварање и одржување на платежна сметка и други платежни услуги за физичко лице е  достапен на порталот за персонализиран пристап за известувања и документи за платежни услуги на следниот линк: НЛБ - Моја Банка или во хартиена форма во ескпозитурите на Банката.

Согласно Законот за платежни услуги и платни системи и Рамковниот договор, ќе се смета дека Корисникот на платежни услуги ги прифаќа промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози, доколку пред датумот на примена на измената не ја извести Банката дека ги одбива промените во условите на Рамковниот договор и неговите прилози. Во тој случај, Корисникот има право да го раскине Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените, без да плати трошок или надоместок за раскинувањето.

      

 

Со почит,

 

НЛБ Банка

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

12.09.2025

Известување за клиенти

Согласно доставеното барање од Државната изборна комисија, за потребите на изборниот процес, овој викенд, НЛБ Банка ќе овозможи отвoрање на платежни сметки. ...

Прочитај повеќе
02.09.2025

Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и сек...

Прочитај повеќе
03.07.2025

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативен ...

Прочитај повеќе