Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Голема регионална поддршка за настраданите во пожарот во Кочани

НЛБ Групацијата донира 350 илјади евра во Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

НЛБ Групацијата, најголемата банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во регионот, донира средства за долгорочна поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот кој неодамна се случи во Кочани. Сите банки-членки на Групацијата контрибуираат со одреден износ, со што вкупниот износ на донацијата изнесува 350 илјади евра, средства кои треба да помогнат на погодените во справување со последиците од трагедијата.

Средствата ќе бидат уплатени на сметката на неодамна основаната Фондација на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, во која НЛБ Банка е еден од оснивачите, а чија основна цел е помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

 

„Длабоко жалиме за изгубените животи, Кочани е огрома трагедија. Во вакви моменти, важно е да се потсетиме на силата на заедништвото и на нашата подготвеност да се обединиме и да делуваме здружено и со сите капацитети. Впрочем, како оснивачи и донатори во Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација која ја промовира солидарноста и општествената одговорност на банкарскиот сектор тоа и го потврдуваме. Изразуваме огромна благодарност до нашата групација, НЛБ Групацијата, и сите нејзини членки кои давајќи придонес кон оваа донација уште еднаш ја потврдуваат својата позветеност кон регинот во кој делуваме.“ - изјави Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

 

„Неодамнешната трагедија од пожарот длабоко не погоди сите нас - не само како банка, туку и како луѓе кои живеат и работат во овој регион. За нас, овој регион не е само точка на мапата - тој е и наш дом. И кога вашиот дом „ве боли“, правите сè што можете да помогнете. НЛБ Групацијата ја дава оваа донација за закрепнување и надеж, затоа што ние не сме само банка туку сме и соседи, и партнери и дел од заедницата. И секогаш ќе бидеме тука да помогнеме и да придонесеме, и во моменти на раст и во моменти на тага“истакнува Блаж Бродњак, Главен извршен директор на НЛБ Групацијата.

     

Непосредно по трагедијата, НЛБ Банка Скопје донираше и средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија, давајќи поддршка на организацијата која уште веднаш ги стави во функција сите механизми за материјална и хуманитарна помош на повредените и семејствата на настраданите, и сите свои расположиви капацитети за поддршка на институциите во справување со последиците од страотниот пожар.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе
16.04.2026

НЛБ Промотивен депозит - Сигурност што доаѓа во вистинско време

НЛБ Банка воведува промотивна понуда за орочени депозити, креирана со цел да им овозможи на клиентите поволни приноси, но и сигурност и стабилност на нивните средства. Понудата нуди атрактивни каматни стапки за депозити во денари и во евра. Притоа, к...

Прочитај повеќе
08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе