Д-р Мета Кордиш, ко-куратор на изложбата Ехо и куратор на уметничката колекција на НЛБ, потенцираше дека почетоците на колекцијата датираат од раните 70-ти години на 20-тиот век, кога облакодерот на НЛБ (Управната зграда) на Трг Републике 2 бил опремен со уметнички дела.
„Изборот следеше јасен концепт и дизајн, а при обнова на зградата, колекцијата беше надградена. Историјата на нејзиното создавање била доверена на стручњаци, бидејќи нивната автономија е клучна за квалитетна колекција, презентација и евалуација. Банката отсекогаш била свесна за важноста на транспарентноста како суштински дел од деловната етика“, рече Кордиш.
Тевж Логар, ко- куратор на изложбата Ехо и претседател на Уметничкиот совет на НЛБ, смета дека уметниците се критички набљудувачи на своето опкружување, па со собирањето на нивните дела се ко-создава сведоштво за современиот момент.
„Дизајнот на колекцијата е создаден за да се разликува од други корпоративни проекти во регионот, комбинирајќи купување, изложбена активност, истражување, издаваштво и институционални врски, што ја надминува класичната претстава за колекција како обична акумулација на артефакти. Овој пристап создава платформа што придонесува за образованието, ги поддржува уметниците и ги подобрува условите за продукција, дефинирајќи ја како важна референца за современата уметност во регионот“, изјави Логар.
Галеријата МУЗА се наоѓа на ул. Чопова бр. 3, во самиот центар на Љубљана, каде што се наоѓа и Словенечкиот музеј на банкарството и ќе биде отворена за посетителите секој ден, (освен понеделник) од 10 до 18 часот.
Изложбата Eхо ќе биде отворена се до 8 февруари 2026 година.