Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Нова функционалност во НЛБ мКлик - Брзо, едноставно и дигитално аплицирање за дозволено пречекорување

Кажете збогум на чекањето во редици и обемната документација. Од сега, НЛБ Банка ви овозможува да аплицирате за дозволено пречекорување на вашата платежна сметка или да го зголемите веќе одобрениот лимит каде и да сте, кога и да сакате, и целосно он-лајн преку мобилната апликација НЛБ мКлик. Процесот на аплицирање е брз, интуитивен и безбеден. Во моментот кога вашето барање ќе биде одобрено, вашите нови средства се достапни веднаш и без одложување.

За да аплицираат онлајн, клиентите треба да имаат еден од мКлик пакетите со привилегија за плаќање, валиден документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, активна платежна сметка и средства за наплата на апликативниот трошок.  

 

НЛБ мКлик е апликација која што ги нуди речиси сите банкарски производи и услуги на едно место. Преку мКлик, клиентите можат брзо и едноставно да пристапат до сите свои банкарски податоци, да го проверат прометот и состојбата на сметките, да вршат интерни трансакции, да плаќаат режиски трошоци и други плаќања кон физички и правни лица, да префрлуваат средства на пријатели или да аплицираат за кредит и кредитна картичка, како и да користат низа други услуги.

 

За беспрекорно управување со своите финансии, клиентите можат бесплатно да ја преземат апликацијата НЛБ мКлик од PlayStore или AppStore.  

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе