Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Дивиденден календар за 2025

Акционерите на НЛБ Банка АД Скопје на Годишното Собрание на акционери кое се одржа на ден 29.05.2025 година (четврток) ја усвоија Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје.

Согласно Одлуката, износот на бруто дивидендата по акција изнесува 2.596,00 МКД за сите акционери.Исплатата на дивидендата ќе отпочне на датум 25.06.2025 

 

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2025 година.Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2025 година.

 

Датумот на евиденција според кој се определува списокот на акционери што имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда е 12.06.2025 година, потврдено со Изводот на акционерската книга на ЦДХВ.

 

Барањата за исплата на дивиденда (доставени трансакциски сметки за исплата во друга Банка) кои ќе влезат во иницијалниот датум на исплата треба да бидат доставени најдоцна до 14.06.2025 година.

    

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

10.11.2026

Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка - Станбен кредит со каматна стапка од 2,95%

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити...

Прочитај повеќе
09.11.2026

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Почитувани клиенти, Ве информираме дека во периодот од 9.11.2026, НЛБ Банка спроведува анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот....

Прочитај повеќе
06.11.2026

Во пресрет на имлементација на регулаторните промени во националниот платен промет, системски прилагодувања и времена недостапност на услуги и локации

Во текот на претстојниот викенд НЛБ Банка ќе спроведува планирани технички прилагодувања на своите системи за примена на регулаторните промени во националниот платен промет, кои стапуваат на важност од понеделник, 9 ноември 2026 година....

Прочитај повеќе