Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

„Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

НЛБ Банка, како банка-лидер во дигитализацијата на банкарските услуги во земјава, за првпат на пазарот воведува „Digital first“ - иновативна услуга која обезбедува вистинско дигитално банкарско искуство. Со „Digital first“, клиентите можат да ја добијат својата нова платежна картичка во дигитална форма веднаш по нејзиното одобрување, имајќи ги своите финансиски средства на дофат на рака, без одложување. Со ова, физичката картичка станува опционална и повеќе не е предуслов за почеток на користење.

Откако преку СМС порака ќе го добие четирицифрениот ПИН код, клиентот може веднаш, преку NLB Pay апликацијата, да ја додаде својата дигитална картичка во дигиталните паричници Apple Pay, GPay, Garmin pay, Apple wallet, по што истата е веднаш функционална и достапна за плаќање на ПОС терминали, онлајн, како и за подигнување на готовина од банкомати.

 

Со „Digital First“, НЛБ Банка е уште еден чекор поблиску до обезбедување севкупно дигитално банкарско искуство. Следејќи ги глобалните трендови и поставувајќи стандарди на домашниот пазар, НЛБ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации и обезбедување врвно корисничко искуство за своите клиенти.

Услугата „Digital first“ е достапна за сите клиенти, нови, но и постоечки клиенти кои ќе аплицираат за нова или дополнителна картичка.

НЛБ Групација воведува нов стандард во регионот

 

Воведувањето на услугата „Digital first“ е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата за развој на современи, едноставни и ефикасни решенија за плаќање, за сите свои клиенти во регионот. НЛБ Банка Скопје е меѓу првите банки-членки која ја воведува услугата веднаш по NLB d.d. Истовремено, услугата ја лансираат банките-членки во Косово и двете банки во Босна и Херцеговина, а во јануари, услугата ќе биде достапна и за клиентите на НЛБ во Црна Гора и Србија.

 

НЛБ Групацијата е првата во регионот што им овозможува на своите клиенти да ја добијат картичката во дигитален паричник веднаш и без чекање, што е исклучителна предност. НЛБ Групацијата одигра и клучна улога, Apple да ги отвори пазарите на Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, со што овозможи рамноправен пристап до напредни решенија за плаќање на милиони луѓе во регионот.

 

Сето ова ја одразува нејзината амбиција да биде водечка и најиновативна финансиска Групација во Југоисточна Европа, двигател на промени и партнер кој ги отвора вратите на глобалните иновации за клиентите во регионот.

 

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе