Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.505.628 илјади МКД и забележа значителен раст на кредитното портфолио и раст на вкупните депозити. Овие позитивни финансиски индикатори се резултат на засилената деловна активност и позицијата на НЛБ Банка како доверлив партнер за клиентите.

Кредитите кај небанкарскиот сектор, на годишно ниво, пораснаа за 21,2%, пришто растот на кредитите пласирани кај нефинансиските друштва изнесува 32,2 %, додека растот на кредитите пласирани кај домаќинствата изнесува 14,5 %. На годишно ниво, вкупните депозити на Банката бележат зголемување за 15,8 %.

Позитивните деловни перформанси на НЛБ Банка се должат на континуираните продажни активности на кредитните продукти, зголемениот број на корисници на платните сервиси, како и на внимателното управување со ризиците, оперативната ефикасност и континуираната посветеност кон унапредување на клиентското искуство.

 

Во текот на првите девет месеци од годината, потврдувајќи ја својата улога на одговорен корпоративен граѓанин, НЛБ Банка остана доследна на својата заложба за вложување во заедницата, инвестирајќи во бројни општествено одговорни проекти насочени кон спортот, културата и традицијата, образованието и помош за ранливите категории на граѓани.

 

НЛБ Банка продолжува и натаму да биде поддршка на населението и стопанството и севкупниот развој на економијата во земјата. Во фокусот на работењето на Банката остануваат дигитализацијата и унапредувањето на дигиталните канали, подобрување на искуството на клиентите и проширување на портфолиото на банкарски и небанкарски продукти.

 

Истовремено, препознавајќи ги ризиците од климатските промени, НЛБ Банка ќе продолжи да ги развива „зелените кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, акцентирајќи ја важноста од одржливо финансирање, одржливо работење и взаемен придонес кон унапредување на квалитетот на животот во заедницата.

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

24.10.2025

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.505.628 илјади МКД и забележа з...

Прочитај повеќе
13.10.2025

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Во периодот од 2.10.2025, НЛБ Банка спроведува втор бран анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот”. ...

Прочитај повеќе
06.10.2025

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања

Од 7 октомври, НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА - Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пони...

Прочитај повеќе